Барав ваква тема и неможев да најдам, ако има некоја иста или слична ве молам преместете ја оваа.. Нели сега е хит заминвањето во странство оти кај нас е досадно и не се случва ништо посебно, на никој не му е интересно. Би сакала секој да напиши од кој град е и шо му фали на тој град и на луѓето во него.. Каде би оделе, шо би правеле..Незнам пример кино, спортска сала, повеќе работни места.. Можеби со ова ќе поттикниме и ќе смениме нешто кај нас..
На мојот град му недостига хигиена,зеленило,вода за пиење,паркинг,слободни работни места,малку покултурни луѓе,канализација и т.н.
Хигиена, зеленило, мекдоналц, голема и современа читална/библиотека, паркинг простор, метро/трамвај, чист воздух...
Паркови и зелени површини, метро, поинтересен ноќен живот и нови места за излегување, паркинзи, хигиена...
Му фалат оние камиончиња цистерни-прскалки како и да се викаа кои, секоја вечер коа бевме деца поминуваа во одредено време за да ги измијат улиците. Една добра работа што они правеа беше, ја одмиваа сета прашина што нај се собира по улиците, па за малкуцка бар придонесуваа за подобар воздух. Ги има ли уште тие? Ги видел ли некој? И друго.
@zhap4e Ги имам видено тие камиончиња. Постојат ама сепак се "удавивме" во прашина од многуте градби и рушевини Воздух, насмевки, човечност.. Барем мене ова ми недостасува во Скопјево.
Повеќе енергија, повеќе живост.... Насекаде намрштени луѓе со поглед во телефон. Сите само брзаат некаде, на сите нешто им пречи. Треба повеќе зеленило и боја, преку глава од монотонијава со сиви згради, сиви споменици, сиви улици и мостови, сив воздух... Дајте повеќе уметност, повеќе журчиња со денсање (а не блеење во телефоните!!), и некое драјв ин кино не е на одмет. Мoжеби народот е таков - никаков, поради условиве. Можеби ако се внесе живост во секојдневието, ќе ни се подобри и менталитет и однесување и ќе се поправиме, подобриме..
Многу нешта му недостасуваат на мојот град.За мене како млада личност пред се е ноќниот живот,културни настани,зеленило и плоштад.
Култура, паркинг места, модерно кино, затворен базен, маркет специјализиран за пијалоци, Старбакс, опремена книжара...