Што му недостасува на мојот град?

Discussion in 'Општи дискусии' started by tteea55, Mar 15, 2018.

  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,470
    Likes Received:
    33,942
    Gender:
    Female
    1.чист воздух
    2.асолен менталитет(сите сме зезнати...)
    3.стационар за кучиња,нормално соодветно направен со вработени ветеринари и лица задолжени доколку некој сака да ги посвои,вдоми
    3.екстериер и интериер на болницата со вклучени повеќе специјализирани медицински лица од сите одделенија
    4.поголем и посовремен центар за ментално здравје
    5.патови без дупки
    6.повеќе зеленило,како што има низ светот на надворешноста и покривот на зградите итн(има полно идеи,само треба разиграна креативност)
    7.простор/кујна/училница за здрава храна во сите училишта
    8.достапно од финансиски аспект,високо образование со пракса низ повеќе фирми со потенцијално вработување
    9.еколошка култура за чистотата во градот
    10.соодветни пристапни домови со некаков соодветен финансиски план за оддржување за безкуќни лица
    11.поголема сума за социјална помош
    12.пристапни рампи низ град за инклузија на лица со попреченост и подобро за количките со бебиња да врват
    13.модернистчка зоо градина со повеќе вработени и настани
    14.оживување на тумбе кафе и миниот амфитеатар со кафич/културен-урбан простор и сл.идеи
    15.повеќе соодветно направени велосипедски патеки
    16.спортски центри за тренирања на сите видови спортови
    17.затворен базен со пристапни цени
    18.аеродром на соодветна локација
    19.изградба на црквата кај Нова Битола
    20.реставрација/реновирање на манастирите во околните села
    21.плоштадот Гоце Делчев да биде вистински прав плоштад а не паркинг простор
    22.паркинг гаражи
    23.молови со повеќе светски брендови
    24.детски паркови
    25.психолошки катчиња за сите возрасти низ градот
    26.инклузивни центри за лица со ПОП (дневни,игротеки и сл.)
    27.свесност и развој на занаетчиството
    28.грижа за чистотата на Драгорот(без фрлање на ѓубре во него)
    29.еко канти/контињери во секој дел од градот
    30.паметни знаци и функционални семафори
    31.повеќе градинки
    32.оживување на Дембел чаршија
    33.оживување на градската чаршија
    34.модернизиран градски пазар
    35.паметни градски автобуски постојки
    36.нови автобуси
    37.куќички со книги во модернизирана верзија за секој да си позајми,врати,земи
    38.салони за големи саеми на книги
    39.повеќе едукативни настани за бонтон при посета на театар и кино
    40.школа за џентлмени и дами
    Има уште многу сигурно...
    (не е битен редоследот како ги напишав,едноставно повеќе работи недостасуваат за Битолата:^):?:)
    Сигурно повеќето од набројаново е научна фантастика за градот,ама brainstorm of ideas шо викаат англичаните или американците или кој и да е,ги има многу...
     
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    4,902
    Likes Received:
    25,544
    Gender:
    Female
    Што не му фали ..