Да бидам повеќе одлучна. По сигурна во себе. Да знам да кажам почесто "Не". Да не ја "тупам" многу за се.
Перфекционист сум и прокрастинатор. Првото и не е нешто страшно, а за второто, не сум јас виновна, ме демотивира општеството во кое живеам. Ах, и истото како во воведниот пост, ама тоа учам да го контролирам, можеби веќе и научив. Друго ништо, какви ги има, јас сум топ
Не можам да си ставам катанец на устата кога тоа е потребно Не знам да кажам " НЕ " ( општо за се ) Не знам да држам лутина дури и кога треба Голем емотивец сум
немам маана хаха. да сватам дека луѓето не се секогаш приципиелни и не се секогаш доследни, не се лојални, на кратко, да прифатам дека имало и ќе има неправди во мојот живот, ама и општо. да сватам дека луѓето си прават ама баш тоа што им е ќеив, без оглед на тоа дали е лошо или добро, јбг, секој по својот систем на вредности живее
Не прифаќам пораз ни загуба. Не знам да губам. Не знам да се помирам дека нештото е изгубено. Брза сум на уста и не знам да премолчам. Правам работи од инает макар и на своја штета.
Ауу во последно време каква сум станата цццц Не мислам што ќе кажам дали некој ќе повредам. Едноставно низ уста излегува. И пак лошо ме протолкуваат хахаха. Самодоверба ми фали. Храброст. Одлучност. Желба. Позитивност. Некако ништо не ми е смешно нит интересно. Многу попуштам и потоа како со мокар чорап по глава шлапната. Епа да. Брзо ми мине лутината. Шѕо донекаде не е убаво. Осетлива сум кога некој мене ќе ме навреди...онака на срце ме стега... Се на се..ми фали секаква промена. Хаха Да . Не е за смеа за плач е. Ми се чини.
1)Премногу сум самокритична,убаво е човек кога се самокритикува но не е убаво кога во истото се претерува како во мојот случај. 2)Да научам да се контролирам или молчам или одекнувам ко бомба златната средина кај мене ја нема. 3)Да намалам со сарказмот. 4)Да научам да кажувам не,несакам,неможам. 5)Да престанам да ги кријам емоциите... Ова е само мал дел, во следна прилика останатото...
Пред се ми фали голема самодоверба,храброст,позитивност и одлучност да тргнам од мртва точка.... Премногу сум емотивна,и со самото тоа си штетам сама себе,се си земам на срце од сите,како сунѓер го впивам секој збор или поглед настрана и веднаш сум психички даун.... Премногу сум самокритична... Не се грижам доволно читај понекогаш и воопшто за сопственото здравје.... Тешка сум на зборување,секогаш молчам пред тој што ми згрешил,а кога сум сама,со себе водам трета светска војна од бес зошто секогаш молчам кога треба да зборувам.... Голема лутачка сум,признавам дека понекогаш без потреба правам од мравка слон,и така
Дали ме опиша? Иако од А до Ш се најдов во постот, ова со војнава беше капакот.Не се можам веќе од толку мислење. А нова особина која си ја протолкував е што не сум тимски играч.Пред година дена три месеци сама си правев бонбони за свадба за 300гости и си се налутив што и дозволив на другарка ми еден ден да ми помогне.На работа бев презатрупана и кога ми донесоа нова колешка бев прерадосна и во исто време си се налутив што се сама не можев да завршам. Си се лутам и зошто живеам со свекрва што е реално помош околу бебево доволно е да ми го почува на 5мин, во исто време сум лута сама на себе зошто сакам сама да си го растам без помош.Се лутев и сама на себе зошто после две недели од пораѓај со царски не можев да носам од маркет 5000работи како порано.Како спрема сите да осеќам потреба дека сум им должна нешто ако ми помогнат, не знам како да си ја наречам оваа ''сакам-се-сама'' особинА