Да имам копче на устата кога треба да замолчам многу сум зборлеста и искрена и кажувам се што мисламлоша навика ц. Ц. Ц. Ц. Ц...
Оваа последнава *сакам се-сама* особина,ете таа испуштив да ја нагласам и јас. Значи тоа според мене е еден вид на несигурност во самата себе,да и јас сум потполно иста,се сакам да правам сама,плус маана ми е кога работам или правам нешто не сакам некој да ме гледа,се осеќам напнато и неспособно и постојано се плашам дека ќе згрешам и ќе ми се смеат.....лошо е ова,многу лошо.
Што сум пештерко(така ме вика мм) Сакам и уживам сама. Многу ми е тешко да се вклопам во луѓе. Имам трема од нови луѓе. Не сакам да е така, а така е. И На форумов сум поопуштена, преку екран. Немам многу луѓе запознаено ни од форум, едно девојче лично запознав само. И две-три на фб само и тоа некои веќе не се активни тука. А би ве запознала сите од тука, ќе мислите дека сум фрик на почеток, после ќе ме засакате. Имам неколку луѓе и тие ми се удобни. Не сакам да сум центар на внимание. Молчелива сум со тие што не сум блиска. Ама затоа со тие што сум блиска, душа давам за нив.
Импулсивност, инат, непотребно замарање и нервоза. Се разбира, ова не секогаш. Зависи од ситуација, личности и други фактори.
Да не верувам многу на луѓето, да не сум премногу добра, и да не го простувам тоа што не е за простување.
Љубов кон себе и малку подрско со луѓето зашто колку си подобар со нив толку повеќе се играат со тебе.
ниска самодоверба..си го мразам изгледот и телото...секогаш мислам дека сите се подобри од мене...незнам да се воздржам со нервозата..нон стоп нешто ми смета..секогаш удоволувам на други додека не е истото кон мене....
Бреј како не сум ја видела оваа тема порано,па имам многу да кажам што ми фали.Дефинитивно ми треба повеќе самодоверба,повеќе отвореност кон другите,да не ги затварам вратите кон луѓето и да се правам јака дека се можам сама,да прифаќам критика,да научам да кажувам не и да гледам повеќе за мене отколку другите,да научам да не дозволувам да ме газат,да бидам посигурна во моите ставови и одлуки,да не ми биде гајле што ќе кажеле другите,да се опуштам некогаш и да не си правам свои непотребни стресови,да не осудувам како што некогаш го правам тоа и се мразам во тој момент,да не се лутам за ситници,да не се спречувам да кажам некој свој аргумент притоа мислејќи дека е нерелевантен и небитен!!!