Многу работи: трпение, екстровертност, непаничење, помалку overthinking и помалку доверба во другите, поголема самодоверба и самопочит, храброст и опуштеност.
Тоа што сум self-indulging и меланхоличен тип на човек, но како контра од тоа имам можност секогаш да гледам и од други перспективи освен низ мојата ...(што понекогаш и ме иритира ...можеби ќе беше подобро да се ограничев на една) Знам да бидам и посесивна со љубениот... но и сакам посесивни луѓе. Лична преференца за која не ме интересира што мисли општеството.
За мене мислам дека кога сум нападната од спротивна страна без разлика дали се работи за претерана шала, заебанција, недоразбирање, паметување, итн јас го премолчувам и не го коментирам.. едноставно и кога сум повредена на било кој начин јас не сакам да ја повредам личноста што ми ја нанела болката, само си викам во себе колку и да си нападната нека те паметат по добро.. тие луѓе кои го прават тоа немат во себе човечност само малограѓанштината си ја искажуваат на брутален начин а ти си молчиш и гледаш како се глупира а он мисли дека те прави будала.. тоа ми е можеби маана ама ете не може да се искорени тоа од мене.. како шо кажав погоре сакам да оставам добри впечатоци, не сакам да навредувам колку и да сум повредена или навредена
Екстремно однесување (не знам за балансирање, црно/бело е кај мене се') Нефлексибилност Импулсивност и непромисленост, тотално исклучување на разумот, се водам според емоциите и кога, објективно гледано, тоа не е правилно. Опсесивен карактер, опседнатост со детали... Кога ќе почнам нешто, не знам за доста.
-Повеќе ги гледам недостатоците кај луѓето отколку позитивните карактеристики. -Сакам секогаш по мое да биде. -Имам високи очекувања за луѓето и брзо се разочарувам. -Љубоморна сум, иако викам дека не сум.
Освен ако на твојот карактер не му е потребно уште едно тавче и некое машинче за бркање глувци за да бидеш совршена, тогаш ја имаш утнато темата