Поголема самодоверба; помалку мислење и обмислување на се и сешто; помалку угодување на другите, повеќе на себе; поголема одлучност...
Многу работи. Бесчуствителност ми фали, барем мала доза на бесчуствителност да имаше во мене, мора и за рандум луѓе да се насекирам, натажам па дури и расплачам. Снаодливост и тоа како ми фали, воопшто не сум снаодлива, абе некогаш си мислам нема потупо од мене. Храброст ми фали, во некои ситуации.
Снаодливост и мене дефинитивно. Ме кочи таа неснаодливост у животот многу. И малку повеќе самодоверба. Можда и нешто друго ама ај ова како нешто најглавно моментално што приметувам дека ми фали.
Самодоверба дефинитивно. И снаодливост исто. Другарка ми, можам да кажам дека е најснаодливата личност во животот и многу и завидувам поради тоа. Буквално кај и да отиде се снаоѓа секогаш.
Кај мене недостаток е големото трпение, би сакала да бидам критична кон другите како што сум самокритична.
Поголема самодоверба, храброст, снаодливост. И да научам да не бидам толку наивна и да не верувам секому. И помалку емотивна би било подобро.
Пред да почнам да редам маани, ќе си кажам најискрено дека совршено сум способна да увидам што не е во ред со мене ама претрано неспособна да го сменам истото и токму ова го сметам како најголем проблем на мојот карактер. (неспособна во смисла недоволно силен карактер за кога ќе наумам нешто истото да го променам) Инаку како "понесериозни" маани ги гледам следниве: - многу сум passive-aggressive кога ми пречи нешто - потсвесно (па и свесно ама не сакам да си признаам lol) очекувам пријателите да чувствуваат, размислуваат како мене зимајќи го во предвид фактот дека сме пријатели (моето пилешко мозоче е убедено дека пријателства се ствараат само тогаш кога е возможно таканаречено "мешање на бои на две индивидуи" односно имање сличност) -многу ретко се сакам/ценам себеси какошто сакам/ценам други луѓе -откако ќе почнам да гледам некоја личност како блиска, како да станувам слепа. Во превод, им е дозволено како сакаат да се однесуваат со мене бидејќи во моја глава тие ми се пријатели коишто не би сакале да ми наштетат (да се разбереме, перцепирам дека не се понашаат океј ама го оправдувам нивното однесување со горенаведеното ака се потпирам на фактот дека со причина им е дадена доверба) -тешко примам критика и одма одам во дефанзива. Дефанзива моментот можеби не е толку лош сам по себе, земајќи го во предвид тоа што го напишав погоре ама сепак мислам дека некогаш треба да си ја затнам устата и само да слушам, можеби ќе научам нешто корисно -никако не успевам да ја направам лутината да трае повеќе од еден ден ама па затоа огорчена останувам еден век, ама притоа, повторно со passive-aggressive став
Неодлучност, се однесувам као сите возови мене ќе ме чекаат и себичност во смисла што сакам да сум сама.
Снаодливост, малку повеќе самодоверба, и храброст, да не ги потиснувам работите во мене туку да имам храброст гласно да ги кажам