Премногу давање шанси. Мислењето дека некој ќе се смени и дека некој ќе постапи исто како и мене. Премногу очекувам од другите. И ред др работи
Не би рекла дека нешто ми фали, туку дека иам нешто вишак... Али се додека не иде на нечија сметка, нека си седи. Никогаш не знам кога ќе ми притреба... Никој не е мора да е совршен, додека не повредува друг, или себе си.
Да можеше ќе се наштелував да сум помалце нервозна и под стрес ама невротицизмот е воглавно вродена карактеристика на темпераментот Исто здрави очи, без миопија
Скоро ништо не ми фали, но би сакал повеќе да можам да критикувам, отколку да ги занемарувам нештата и работите околу мене.
Многу брзо се нервирам, избувнувам за ситници. Кажувам нешто во брзање без размислување и потоа се каам. Знам да се заборавам себеси и премногу да се трудам околу другите. Кога силно ќе се врзам за некого или нешто неможам да поднесам да го изгубам.
Темава ме потсети колку само духовно и емоционално сум надраснала толку мои негативни особини, i feel proud Можеби living on the edge се уште може да се сврсти во негативна особина иако не ја доживувам така затоа што животот ми е превозбудлив и го обожавам.
Кога пресекувам нешто од корен да го фаќам апла подлабоко, со сè земја да летне (за среќа), да не ми скока притисокот.
Јас многу често се фаќам на моменти како избувнувам без потреба кога некој ме критикува конструктивно. Не ми е убаво кога некој ми се дере, и да не е со лоша намера да е изнервиран поради некоја моја постапка или што сум погрешила јас тогаш станувам агресивна и чувствувам потреба да се одбранамќе ми каже некој зошто е тоа така? Дали има некој сличен проблем?