Станата сум предрска и преборбена, преамбициозна, сите ме научија (ако треба да се доведе некој во ред мене ме праќаат) страв им е да ми пререче некој нешто, море и злобна дури.... ценам искреност но чувствувам дека ја минувам границата и одам накај дрскост... (никогаш не би мислела дека можам на некој да му кажам нешто од типот - еј слушај, ти смрдат нозите, нозите ти се скоро па до мојата глава, оди измиј си ги и да си продолжам како ништо да не било, а тој некој ме гледа со подзината уста или па кога ќе направи некој некоја глупост знам одма без стоп да кажам нешто толку саркастично, ама така глупаво од моја страна, ми иде шамар да си мавнам) и знам дека морам малце да кренам рачна кога ќе си дојдам, ама тука ми е единствениот начин да ,,преживеам,, , да имам малце мир кога јас ќе посакам и да си обезбедам убава заработка за времето што сум тука. Иначе кога сум во нормала, абе душа човек, многу сум злопамтило, се приврзувам за глупости, знае да ме фане период на мрза и да не мрднам од кревет цел ден, намрштенка да бидам без причина, со неколку збора кажано - да се надоврзам на серијата ракчиња од горе. Дури мислам дека однесувањето горе ми е заштитно оклопче за да не се задева некој со мене и да си ги истерам работите по планираното.
Голем инает сум, кога сум во врска за глупост можам да станам многу љубоморна, не сум доволно упорна, избегнувам конфликти наместо да се соочам.
Тврдоглава сум, нарцисоидна и секогаш мора да сум јас во право.Понекогаш премногу избрзувам со некои одлуки и на погрешни луѓе им давам втора шанса.Најголема маана ми е тоа што незнам да се налутам и премногу сум попустилва.
Пред било што да кажам или превземам, прво размислувам како јас би се чувствувала да сум на другото место. (а сите луѓе не реагираат исто на исти ствари) Тежок инат сум кога сметам дека сум у право. (порано бев тежок инат и кога знаев дека не сум у право ама го решив тоа). Никогаш не давам втора шанса. Таа лекција мал милион пати скапо ја платив. Со сите одржавам дистанца. Тешко ми е да им верувам на луѓето. Педантерија и перфекционизам. Не можам да се опуштам ако се не е чисто и на свое место. Анализирам се премногу. Природните катастрофи и војните ме праат апатична. (војните посебно ми влијаат на психа и страшно ме плашат) Користам сарказам како штит. (често пати веројатно и нема потреба од тоа) Ме ваѓа од такт фактот што не можам советите што ги давам на другите да ги применам на себе. Можеби контрадикторно на одредени точки тука, ама непоправлив оптимист сум. Верувам во правда и човечност.
Мн лесно може некој да ме испровоцира и тогаш све што ке ми дојде на уста кажувам т.е. оган фрлам од уста , мн сум агресивна некогаш и мн негативна , затоа сакам мн позитивни и весели луѓе да ми ја разбијат монотонијава
Многу работи му фалат ама ако почнам се да набројувам ќе се запрашам што има позитивно Јазикот ми е побрз од умот. Многу сум искрена и ако нешто зачувам за себе ќе ме јаде, па се си кажувам. Понекогаш сум злобна и безобразна. Не размислувам за другите, па колку сака нека ми е близок. Често туѓите несреќи ги преживувам и јас. Па ме фаќа депресија и со денови не можам да се оправам. И често ме фаќа депресија, мислам дека ништо не вредам, дека ништо не можам и тоа ме убива ама па посилно е од мене. Сепак на крајот се помирувам и ништо не правам да го сменам тоа. Лесно и брзо се приврзувам за луѓето, па после нив ги обвинувам што сум повредена.
Премногу сум емотивна, до мене допира и најситната неправда, лош збор, несреќа. Лесно се расплакувам, и ретко можам да се контролирам. Да напомеам и дека на убави работи плачам, а и на потполно небитни. Искрена сум и некогаш кажувам и работи кои би требала да ги преќутам, за да не повредам некој. Се лутам за ситници и тогаш лесно избувнувам. И инат сум, голем.
Јас..мм навистина имам мани,сакам да ги поправам,но неуспева Брза сум,но решавам проблеми со добра одлука,знам некогаш претервам со зборови кои навистина не сакам даа ги кажам кога сум лута,но рефлект,а кажувам тоа што го мислам. Знам и некогаш да бидам лоша,да касамм со зборови (како и сите лоши шкорпии),премногу сум за должена за обврските дома и во друшвото.Се лутам и на ситници,но брзо се одлутувам,а и мојот мозок премногу го оптеретвам тоа што многу мислам..има уште мн работи,но доволни се овие главните.
Имам една стварно лоша маана, лоша за мене, за другите веројатно добра.Многу брзо заборавам кој ми грешел, се одлутувам за неколку минути и заборавам кој колку ме повредил, опростувам и никогаш не враќам мило за драго, а во одредени ситуации треба.Јас сум многу мека личност, попустлива и не знам да кажам не, ретко ама ептен ретко се водам според разумот, кај мене сите одлуки се донесуваат врз база на емоции.Ова е ептен лоша карактеристика, свесна сум, често луѓето тоа го искористуваат и често ме повредувале, ќе ја видат мојата слабост и не знаат да ја почитуваат, го користат тоа што сум добра со нив.Многу сакам да го променам ова, стварно има моменти кога оваа моја карактеристика ме довела до болка и патење. Друга маана е што ептен сум плачка солзите ми се на врв на око, не можам да се воздржам и плачам и кога треба да се приберам, посилно е од мене, се чувствувам патетично и очајно. Да можам да бирам порадо би избрала да сум ладна кучка отколку ваков слабак.
Што се тиче карактер, ми фалат 50 000 евра за да го усовршам... Оние кои сакаат да ми помогнат нека ме контактираат во ЛП. Добра ноќ.
Кога ќе се налутам за нешто (обично за ситници) тоа долго трае. Неспособна сум да кажам НЕ кога некој ќе побара помош од мене иако тоа сакам да го сторам. Одложувам обврски до последен можен момент. Избувлива, тврдоглава, наивна...листата е поголема.
Заборавив во минатиот пост, манипулативна сум. Никогаш директно не кажувам што сакам ама секогаш наоѓам начин да го добијам тоа од околу. Себична сум, повредувам луѓе за јас да бидам среќна. Знам добро да лажам, изгледам доволно невино за било што да ми помине кај секој. Сакам да контролирам луѓе. Посесивна сум. Знам како да го изолирам блиските луѓе од нивните блиски луѓе. Добивам тоа што сакам додека некој друг мисли дека е негова идеја. Луѓето ми стануваат досадни после некое време. Ги оставам.
Па вака- многу се сомневам во луѓето околу мене. Секогаш се плашам со некој збор или постапка да не го повредам другиот а со тоа некогаш сама се повредувам. Премногу се грижам за ситници; премногу се грижам за своите блиски и саканиот (што донекаде е и ок мислам и нормално).Ситници можат лесно да ме налутат но и да ме развеселат (а тоа никаквиот инает во мене нема да ми дозволи да им покажам на другите дека сум среќна). Сакам да се дружам само со познати, имам некаков страв од нови познанства и авантури (тоа можеби дека веќе прееедолго сум со истиот партнер-дечко). Молчалива сум и доста плашлива-не сакам темници и сомнителни луѓе и ситуации. Би сакала да сум малку послободна , ама...
Кога некој ќе ме изнервира му се нафрлувам викам ми излегуваат од уста зборови за кои подоцна ќе се покајам. А и сега го направив тоа во моментов