Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што му фали на мојот карактер (самокритика)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од referentka, 27 август 2015.

  1. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.289
    Многу сум емотивна ама тоа го кријам од сите и изгледам од надвор толку ладна и незаинтересирана.
    Плачам за се и сешто, кога гледам филм, слушам песна, ако слушнам нешто тажно, ако се скарам со некој..
    Имплусивна сум многу, брзо се вадам од такт.
    Затворен тип сум, ми треба време да почнам полека да се отворам пред некого.
    Со нови луѓе не комуницирам многу т.е. зависи од човекот нов.
    Некогаш сум нервозна, шо се ме нервира.
    И најмногу од се мразам шо сум воспитана убаво, на сите добро да му направам погодам, не можам да бидам лицемерна, да се лижам и да правам лице или да му ковам план на некој да се ситам на неговата несреќа.
    И многу се грижам, некогаш и за непотребни работи.
    Мислам дека сум комплицирана.
    Не можам намерно да му плеснам в лице на некого лоша работа или нешто неубаво.
     
    Последна измена: 29 октомври 2015
    На LiberianGirl_, praski4e, Juicy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    da ne si mi slucajno sestra bliznacka?:*
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.289
    хахаха можи, ако имаат нешто настрана мрднато родителиве :P хаха:*
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Инает,емотивна и тврдоглава :D
     
  5. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.103
    Пол:
    Женски
    Помалку самокритика и суровост кон себе, едноставно поблаг судија за сама себе да бидам и да се помирам НЕ МОРА СЕ ДА Е СОВРШЕНО ! НЕ СЕ ЈАДИ САМА СЕБЕ !
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    -Понекогаш можам да бидам премногу дрска, дури и без причина
    -И ако не се издавам пред никој, голема плачка сум
    -Самокритичност до бескрајност
    -Секогаш во лице им кажувам критики на луѓето околку мене и не секогаш сум позитивно протолкувана
    -Не можам да седам ако околу мене не е средено и се на место, без разлика колку сум уморна.
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.662
    Допаѓања:
    167.908
    Пол:
    Женски
    Не сум пишала одамна па да корегирам нешто, нешто да додам.
    Нервите во последно си ги средив. Ама без грижи, утре сум назабар, пак ќе ги изгубам :*
    Сега премногу непотребно размислувам само во ПМС, научив некако да живеам за моментот. :angel:
    Егоцентричноста, гледам да не ја истакнувам премногу ама шта чеш :rofl:
    И да додам, осеќам дека наивноста ми расти. До сега тоа беше карактеристика која тешко ја прифаќав. :worried: Скоро секогаш одбирам да му вервам на луѓето и да им давам шанси. Дебело се зафркавам ама надежта последна умира.
    Премногу планирам шо дури мислам дека сите околу мене ги замарам со то. (waiting)
    И ако не ми се допаѓа некој, сериозно знам лошо да се однесувам колку и да се каам подоцна за напраеното. :wasntme:
     
  8. Lutka®

    Lutka® Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Премногу сум молчелива (моите мислат дека планирам нешто, некоја лудост)
    Мрза светска сум станата.
    Плачка сум голема за све можам да се расплачам во секоја ситуација.
    Понекогаш имам многу краток фитил, спој добивам во дел од секунда.
    Морам да кажам исто маана ми е тоа што работите гимгледам од сите преспективи, па ако треба и цела вечер ке ја мислам таа работа ке ги гледам и лошите и добрите и можните и невозможните страни.
    И голема маана ми е тоа што не им кажувам на лугето што мислам во моментот туку чекам да се стабилизирам за случајно дан ја посерам работата. А требит дирекно фино да им се заплеска на некои личности дирекно у фаца. Ама ете мајка и татко така ме воспитале.
     
    На LiberianGirl_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Треба повеќе да се грижам за моите чувства, отколку за туѓите..Секогаш гледам прво на другите да им погодам, па после мене :(
     
    На LiberianGirl_ и Rama им се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.587
    Допаѓања:
    106.394
    Пол:
    Женски
    Упорност.
     
    На sparklie, Rama и mssuniquee им се допаѓа ова.
  11. R.o.s.e

    R.o.s.e Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2016
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Многу сум чувствителна. За било што. И многу често мислејќи на другите се заборавам себе. Сакајки сите да ги направам среќни (што е секако невозможно), јас сум несреќна.
    Премногу сум искрена што и не чини. Што мислам кажувам. А многу пати искреноста скапо ме чинела. Секако дека бирам зборови кои треба да ѓи кажам, а свесна сум дека некогаш треба да преќутам иако се обидувам да употребам вистински зборови за јас да не испаднам некултурна и да не повредам некој. Не за џабе рекле ќути си трај си.
    Само да не сум чувствителна до толку, повеќе да мислам на себе и да не кажувам се што мислам би било супер. Работам на тоа да ги искорен овие негативни особини. :)
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Самодоверба, упорност, желба и стремење кон подобро. Е тоа ми треба.
     
  13. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Храброст да кажам не и да си ги ставам своите потреби пред другуте.. На сите да погодам и на крајот пак не чинам..
    Ми недостига самодоверба дека се што ми се случува убаво сум го заслужила , сработила, а не ми паднало од небо и имам право да се радувам.
    Што собирам се во себе.. Се правам ладна дека не ми смета а внатре срцето ми се кине и душава ми вришти
     
  14. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Многу работи му фалат на мојот карактер.Прво што најмногу ме нервира и тешко дека ќе го променам е дека многу шлапам,многу зборувам.Дури и кога ќе си речам во себе не го кажувај тоа,може да си направиш себе некој проблем или на некој друг,пак ќе кажам.Тоа само кога сум изнервирана,ама не треба така да правам.Второ,не задржувам ништо за себе-поврзана работа со првото што го спомнав.Некои работи не треба да ги кажам на никој.Мислам дека не можам долго време да чувам некоја тајна.Па луѓе понекогаш треба да излажеш за да се заштитиш себе,а јас сум многу искрена.Дури ни на некој од семејството не треба да ги кажуваш некои работи,тоа си е мое мислење.Мислам дека треба да бидам потаинствена.Ај оваа работа мислам дека полека почнувам да ја искоренувам од себе.И понекогаш кога сум изнервирана,им се истурам на други луѓе,па после се чувствувам глупо и се каам.Божем тие ми се криви.Тоа е сега за сега.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Gi vrednuvam lugjeto spored ubavinata i spored toa kolku materijalni dobra bile sposobni da postignat vo zhivotot. Ama ne e neshto koe bi sakala da go promenam kaj sebe, bidejkji ne sum ni daleku od vistinata koga razmisluvam taka.
     
  16. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    ista sum i jas,za zal;(
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Вишок имам, уствари... добра вила Добрила :clap: :D се трампам за некој грам лошотилук и себичност.
     
    На Someonespecial, Doozy и galapce им се допаѓа ова.
  18. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    На мојот карактер му фали да бидам похрабра за некои потези,да не бидам толку емотивна и плачка голема,да се спротивставам на некои луѓе и постапки јас не знам не да кажам или да одбијам некој за нешто да не обрнувам внимание на небитни работи и да си се гледам прво себе си како сите што прават па после другите, ама пустото не сум така скроена.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.325
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се изнервирам не размислувам што ќе кажам и после ми е криво за тоа што сум го кажала. И ситница може да ме изнервира. Многу сум инаетлива. Ако се заинаетам за нешто, не попуштам па што сака нека биде. Често знам да се премислувам за одредени работи. Денес мислам едно, а утре друго. Маж ми постојано ми префрла за тоа.
     
  20. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    На мојот карактер му фали дефинитивно одлучност, самоиницијатива. Премногу размислувам што како ќе биде за на крај да испадне дека нема аир од многу мислење.