Многу сум брзоплета.Трпение ич немам.Променлива во секундата.Сакам па не сакам,одам не одам...Не размислувам подлабоко и пореално туку мене ко што ми одговара во моментот. Наместо да прифатам критика јас ке го сменам мислењето и завршена работа.
Одлучност. Премногу се двоумам за се и сешто. Премногу негативни мисли имам и огромен страв од неуспех. Се плашам да пробам, да почнам. А така до нигде нема да стигнам.
Повеќе самодоверба дефинивно. Многу сум несигурна во себеси, повлечена, тешко стекнувам доверба во некого. Многу се грижам за личности на кои не им значам ништо. Да знам да кажам не без да се објаснувам. Да имам цврст став. Да не бидам многу срамежлива.
Da si lupnam 2-3 samari a i poveke zosto sum preeeeemotivna.Sekogas dr gi stavam na prvo mesto.I da bidam odlucna..
Премногу можам да се опседнам со непотребни работи за кој подоцна се каам што толку време сум изгубила.Сакам да се одмаздувам ако не го направам тоа или ме спречат во тоа моажам да се самоизедам.Една од моите најлоши карактеристики е тоа што премногу лажам, мислам во гуша сум до лаги.Безразлика дали се работи за дечко,другар/ка, но најинтересно е што сите ми веруваат освен мојата најдобра другарка со нејзе што ги планираме игрите кои секогаш ни успеваат Предобро можам да сочувам нечија тајна,но кога се работи за мене се подразмислувам малце дали да кажам или не зашто немам многу голема доверба во луѓето.Не сум толку отворена личност на прв состанок ме мислат за повлечена ама тоа не секогаш ми се случува, некогаш неможам да се затнам од зборење незнам зашто е тоа така
Да престанам да се окупирам со најблиските.. Дали се добро, дали нешто им фали, дали се задоволни од мене, можев ли нешто повеќе да направам во мој домен, .. Незнам а да не мислам на нив.... Друго што би сменила е сожалување кон тие што ме повредиле, незнам зошто ама ми е жал за овие луѓе колку и лошо да ми направиле..
Премногу трпение имам за луѓе за кои не треба, а премногу сум избувлива со луѓето кои најмногу ми значат. Не учам од грешките се додека не ги направам едно сто пати, па после веќе не ги правам не затоа што баш сум си ја научила лекцијата, туку затоа што веќе ми станува здодевно да ги повторувам,
Ти може си мн работи, ама не си себичен! Мене ми фали самодоверба... И премногу сум фина..бетер од Ина Како ли тоа да го променам
Да престанам да им давам внимание на луѓе кои што не го заслужиле тоа. И да престанат да ми бидат на прво место.