Знам дека има тема по што ќе ја паметите годината и слично, но не сретнав тема за тоа што сте научиле од годината што изминала. Ако сепак има, се извинувам. Годината сигурно ви донела многу лекции и поуки односно ви приредила ситуации од кои нешто корисно сте извлекле. Што е тоа? На пример јас во изминатата година научив дека не е добро да се лаже но некогаш ете е неизбежно. Научив дека не треба да се избрзува за ништо, подобро да се движиш полека но сигурно отколку да брзаш. Научив дека еден момент може да го промени животот. Научив дека никогаш не можеме да бидеме сигурни за ништо. Научив дека треба да се соочуваме а не да бегаме. Научив дека насмевката има огромна моќ. Научив дека ако сакаш нешто треба да се потрудиш за тоа да го оствариш. Научив дека кармата сепак си ја врши својата работа и дека правдата си доаѓа на виделина. Научив дека треба да го следиме срцето. И многу други нешта. Што вие можете да извлечете од изминатата година?
-Научив да бидам похрабра; -научив дека не можеме да ја смениме судбината колку и да сакаме и да се трудиме; -научив дека секој еден ден ќе го стигне Божјата казна, па макар и со задоцнување, дека секој ќе плати за своите грешки; -научив да живеам најскромен живот, со премалку финансиски средства на располагање; -научив дека колку и да е тежок животот, треба да ја гледаме секогаш позитивната и посветлата страна.
научив дека треба да се сакам најповеќе самата себе да не се грижам 3а без потребни работи дека не треба да му се верува на никој да бидам своја дека подобро е да бидеш лоша него добра научив дека ич не ми е гајле шо мислат другите
Научив дека секоја бременост не е прекрасна. Научив дека секоја трудница не блеска. Научив дека имаме многу глупи гинеколози.
Научив дека не секој пријател е спремен да се радува на твојата среќа, и да сочуствува со твојата несреќа. И со тоа нешто мораш да се помириш доколку не сакаш да ги изгубиш пријателите, бидејќи оние другите се од редок вид.
Научив многу работи преку едноставни случки и примери од секојдневието. Иако многумина ни ги кажале и ги сметаме за досадни и клише,сепак ќе сфатиш дека се вистинити тогаш кога самиот ќе се најдеш во таква ситуација која ќе ти покаже дека не е само празен исказ. -Со паничење во момент кога треба да си смирен не решаваш ништо и само си одземаш од времето кое можеш да го потрошиш на конструктивно размислување за наоѓање на решение за проблемот. -Ништо не се добива без труд и волја. -Човек мора да научи да си ги препознае сопствените маани и доблести,да има реална слика за себе и да се цени себеси,но тоа да не премине во нарцисоидност или мислење дека самиот тој во се' е над другите. Вистина било она кажаното дека ако не знаеш сам да се цениш,нема да знае ни друг. Исто така,човек континуирано треба да работи на себеси,да се надоградува како личност трудејќи се да се подобрува се' повеќе и повеќе од ден на ден. "The only person you should try to better than is the person you were yesterday." -Треба човек похрабро да чекори кон иднината и да се обиде да го совлада стравот од непознатото,бидејќи тоа само го отежнува животот и те држи назад без да ти дозволи слободно да живееш и да го почувствуваш тоа слатко мало задоволство од едноставните нешта во животот. -Онаа чистата,безрезервна љубов од блиските е најмоќна емоција што постои. Во моменти кога сите се нервозни,се повредуваат едни со други во моменти кога чувствуваат слабост и немоќ да контролираат одредени стресни ситуации,таа чиста емоција ги држи барем малку посмирени,ги тера да простуваат и секогаш ги поттикнува да се вратат назад и да се извинат за стореното. Без неа (некои од)кавгите не би имале крај. Има уште многу, ама овие ми беа едни од најважните.
Во изминатава година научив да не си земам се при срце што ќе кажат другите, научив да превземам повеќе ризици, да не се плашам од нови работи. А најважна лекција, да поминувам повеќе време со семејството бидејќи денес се тука, утре ги нема.
Помогни му на некого сто пати и секундарно ќе заборави дека си му се нашол во некоја ситуација, одби го еднаш и ќе те памети за цел живот како нечовек! Доброто се заборава, лошото се памети!
izvinete shto ne koristam mk podrzhka nemam.. nauchiv deka tugoto mislenje ne e voopshto bitno,deka sekoj mozhe da misli shto saka i deka treba da se skoncentriram na sonihstata i celite,a ne shto misli ili zbori nekoj koj eden den ke go nema vo mojot zhivot ili ke go zaboravam ..poz do site
Не е важно кој што мисли за мене затоа што тоа нема ништо да смени. Не е важно што за мене мисли некој што едвај ме познава. Научив дека луѓето многу лажат и се фалат, а многу малку вредат. Сите се понесени од некои идеи дека лесно ќе дојдат до пари, дека ќе бидат среќни на туѓа несреќа. На прсти се бројат луѓето кои ми посакуваат добро и среќа.
Претходната, веќе старата 2015 година ми беше ужасна. Како и зошто се изјаснив во друга тема. Научив дека некои „пријатели“ не биле искрени со мене, затоа и си останаа во старата година таму каде што им е местото. Научив дека луѓето се дволични, со маски на лицата. Научив дека во оваа држава за дури и најбанална работа ти требаат врски, ама касно ми текна. Научив дека секој си гледа за себе и дека на крајот на денот на никој не му е гајле за никого. Научив дека некои семејства пред другите се прават среќни и сложни, а помеѓу четирите ѕида душата си ја вадат. Научив и дека повеќето луѓе премногу се фалат, а штом отворат уста само лаги извираат од неа. Научив дека низ градот се шетаат луѓе со насмевка од шестка до шеста, а тоа е само фасада на нивните лица. Научив дека секој е со тебе од корист, ако нема корист од тебе - не вредиш. Научив дека речиси сите луѓе се преправаат дека се среќни и дека не знаат за тага, болка и солза. И ова е само обична фасада.
Дека треба да си трпелив, (трпение - спасение нели ), дека треба многу повеќе да си посветуваш себеси внимание, а тука подразбирам денови само за себе, уз музика и филм, да не се нервираш и тормозиш за разноразни глупости (али ај здобиј се со таква моќ ), дека "Храни се здраво и пиј многу вода" не кажуваат ради реда, дека времето поминато со семејството и пријателите е најквалитетно. Да резумирам, уживај со пријатели, поминувај време со семејство и не се нервирај.
Во изминатата година научив дека од многу лошо може да има и полошо. Тоа беше најстрашната лекција во мојот живот.
Научив дека довербата најскапо се плаќа, дека не треба никому да веруваш. Научив дека пред да направиш било што треба не 3пати туку 10пати да размислиш. Научив дека луѓето не се онакви какви што се претставуваат секогаш, барем се додека немаат корист. Најглавното: Научив дека лицемерните личности одма треба да се бришат од листата на пријатели. Оваа година малку по ладнокрвно, нема попуштање. Амбиции, амбиции...
Не само од претходнава туку и од годибите пред тоа научив дека секоја година се повеќе осознавам колку всушност не знам. Некој паметен човек рекол: Дури сега знам колку не знам. Ете тоа е она што јас го сфаќам секоја наредна година. Жал ми е што искуството и младоста не одат заедно и што не поатое паметен и млад туку мудар и стар.