-Дека се е минливо, буквално се. -Дека е важно да се научи да се живее во сегашноста и да се бара радоста во моментов, не во мислата за иднината.
Критиките на форумов. А општо надвор од виртуелниот свет научив дека не треба да се посветува внимание,не треба да се кара и да се преовеличува премногу. Најдобро е се да се игнорира и да се бега од проблеми. Научив дека човекот се почитува и по расправијата.
Дознав дека сум престрога кон себе, па научив како да си дадам колку и да ми е потребно време. Дека и неокеј е океј, дека и слабост и ранливост се океј. Дека ништо не е за џабе и дека секој има право на свој избор во било која ситуација - напредок или изговор.
Повеке да верувам во себе.Да работам на себе.Да не земам се при срце. Научив да кажам не.Повеке да се трудам околу работите што ги сакам.Да не се откажувам лесно.
Научив нешто повеќе за човековите чувства и научив како да бидам среќна, или едноставно откако се ослободив од неколку битни и клучни работи среќата сама ми дојде. Јас не сум ја гледала. Сега се е комплетно.
Научив многу работи: - Да немам доверба во никој -Дека нема вистински пријатели, дури и оние што си ги сметал за вистински ќе те разочарат - Да не попуштам на никој -Да бидам цврста и решителна за некои работи - Да не му дозволувам никој да ме понижува - Дека не ми се потребни луѓе кои не ме разбират и почитуват. - Да не се нервирам за небитни работи
Дека не треба да се плашам од промени, научив да бидам малку поупорна и поиздржлива во одредени ситуации.
Научив да вртам грб на личности кои ми се претставуваат како пријатели Научив да не молам никого. Научив дека до себе имам некого за кого вреди да се жртвува човек.
Многу работи научив во 2015та. Мојата душа е испратена на Земјата во овој храм кој треба да го чувам и пазам, не затоа што немам друг туку затоа што е совршен во секоја смисла. Никогаш повеќе нема да бидам критичар на сопственото тело поради општествени норми. Јас живеам во потполна хармонија со моето тело и бескрајно сум среќна и благодарна за секој еден систем кој совршено функционира.
Nauciv deka i od loso poloso moze da te snajde,nauciv da bidam pocvrsta,definitivno pohrabra i ladnokrvna ednstavno ovaa godina ke ja pametam zasekogas no po loso...za zal.
Помна уште една година со успеси и неуспеси. Она најважното на кое ме научи 2016 е да се простува, на себеси и на другите, да се почитуваат правила, најважната лекција е да бидам послушна понатака и да не си терам баш по свое, инат никако... потоа, да учам и да се трудам за проширување на знаењето, да ги вреднувам и да уживам во ситниците, да се засакам и прифатам себеси онаква каква што сум, да прифатам дека лоши и безвезе ситуации се случуваат и ние тука ништо не можеме, само да не им придаваме значење, да го ценам секој момент од животот и се што тој ми дава да примам со благодарност и раширени раце, да заштедам нешто, моите недостатоци да ги искорисгам за шега а не за комплекс, да продолжам да верувам во чуда, да се погрижам повеќе за својата внатрешна и надворешна убавина, да не кажувам се што знам и да не споделувам се што чувствувам и мислам. 2017, спремна сум за тебе.
Научив дека на секого може да му се случат работи,кои ни во сон не сум ги помислувала како година не би сакала да се повтори,повеќе негативни работи отколку позитивни, затоа искрено се надевам на подобра 2017,живи здрави само и сите на број
Научив дека треба да се молчи повеќе ,да не се исправуваат многу криви дрини оти неправда имало и ке има.Научив дека не секогаш она што го сакаш е и она што навистина ти треба.Научив дека се е минливо ,само семејството останува до тебе и со тебе.Научив дека треба да се борам уште повеќе.