Научив дека од болката и загубата не се учи ништо, само останува празнина, тага и поголема чувствителност на сè мизерно и негативно околу тебе. Дека повеќето исфорсирани фрази и мудрости се oбична глупост, меѓу малкуте вистинити кажувања што вредат е онаа дека ниеден момент со најблиските не треба да го сфаќаме здраво за готово, оти животот е сурово и неправедно непредвидлив...
Зборовите се ништо без дела. Во животот ни се враќа она што ние го даваме. Среќа е да се биде задоволен со она што го имаме, тоа да го цениме и да сме благодарни за истото. Каков е човекот покажуваат зборовите што излегуваат од неговата уста, а не зборовите со кои некој друг би го опишал него. Затоа што, секој човек за некого е добар, за некого лош. Но само една е вистината. Човек се бори и се жртвува за она што го сака. Кој не бара ништо, тој добива сѐ. Ако ја победи алчноста и себичноста во себе, нема граници за него. Правдата секогаш си доаѓа. Упорноста секогаш се исплатува. Друго, научив да простувам сѐ, секому. И научив дека една е љубовта, онаа вистинската, и дека понекогаш човек ја нема таа среќа со таа љубов да го помине својот живот, но продолжува да сака. Научив да се дистанцирм од гадниот свет, да си создадм своја мала тврдина и во неа да уживам. Научив да искажувам своите чувства без проблем. И на крајот, научив дека kindness is the best weapon.
Научив дека не можам да сакам друг Научив да постапувам правилно Научив да бидам силна и да не потклекнувам пред ништо Научив дека работите можат да се сменат преку ноќ Научив дека храброста и зборот се најмоќното оружје Научив дека за секој човек не се дава друга шанса
Квадратна равенка, тригонометриски функции и одговорот на прашањето зошто Хамлет го одложувал убиството на чичко му.
-се научив да живеам по свој и ничиј друг ќејф -научив дека се е минливо Реално со мојов забеган ум научив многу работи и лоши и добри и тоа самата себе си го правев.И до негдека сум си захвална што сум ваква будалетинка бар во иднина ќе знам да се снаоѓам. -се научив да бидам дрска и безобразна и кога треба и кога не треба од мои лични причини -на крајов на годината почнав да учам како да имам самоконтрола за се, тоа можда некогаш ќе го научам до крај
Дека не треба да им верувам многу на луѓето дека треба прво да си гледам за себе дека сеуште постојат луѓе без чуства и осет
Научив дека животот ни дава товар според нашата носивост. Во најтешките лекции се крие вистината за човечката големина.
Дека не треба да верувам на секој и дека постојат луѓе кои ти ја прават лигавата а уствари ништо добро не ти мислат.
Научив дека: 1. Лугето се добри и треба во сите да верувам 2. Научив дека политиката не е најбитната страв за вработување во Македонија 3. Во животот се е планкси дизејнирано од едено совршено битие 4. Научив дека Бог е добар и не сака сите. 5. Ако болката е доволно голема таа ќе не победи затоа ние не сме семоќни 7. Во иднина да не пропуштам точни додека набројувам 9. Не си стојам на зборот, пак пропуштив точка 10. Ако си стојам секогаш на зборот тоа може да ги повреди другите. 11. Што и да си научил во тековната година, во наредната можно е и да го заборавиш. ПозЗ3³ ®
Научив дека плановите и текот на животот може за секунда да го свртат правецот на сосем друга страна. Толку брзо што уште не можам да се навикнам да гледам на таа страна.