Koga nekoj se davi, ne mu davaj raka gurni go pobrzo da potone, bidejki ako se spasi toj tebe ke te udavi.
Да не ги толерирам луѓето кои ме повредуваат, кои се прават паметни, кои те игнорираат без причина, кои само ме искористуваа за се и сешто а кога ќе им текнеше не ме ни познаваа. Колку токсични луѓе сум имала во животов.
Научив многу нешта ама колку ќе применам или веќе применувам. а ќе се покажат како успешна одлука оваа година ќе дознаам и пишам на крај на годинава
Ништо не е залудно и изгубено, луѓе, настани, ситуации... Секој сегмент од сублимираното искуство има свое време на употреба.
2020 е при крајот. Што научив од неа? Батали правила. Уствари не се тоа ни правила, оние некои позитивни, мотивациони quotes како Биди среќен со она што го имаш, Мисли позитивно и тн. Годинава точно знаев дека можеби подобро ќе ми беше ако останев позитивна после некои работи што ме скршија, ама не можев. Си дозволив да тагувам, да бидам нерасположена и подобро тоа отколку да ги потиснувам емоциите со лажна позитивност. Нема ништо добро во лажната позитивност. Сите такви ,,слатки" quotes што ми поминуваа низ глава или што некаде ќе ги прочитав, свесно ги отфрлав. Лесно е човек да мисли позитивно кога му е добро во животот, ама кога душата го боли и се дави во несреќа, малку потешко. Единствено што му преостанува е да остане силен и трпелив оти се' поминува, кога тогаш. Друго? Треба да бидам малку повнимателна со другите. Пред да пламнам, да се смирам, можда не ни има потреба од бурна реакција. Не за друго, кога ќе повредам или разочарам некој, дупло повеќе после јас се ,,јадам" себеси за тоа. Користи ги приликите што ги имаш! Најглавното нешто што го научив и кое ми стана мото е: Човек не го остава она што го сака. Не се откажува и се бори за тоа до крај.
На што и на кого да не трошам време. Енергијата се чува и употребува само за посебни личности кои умеат да ми го следат темпото. Со половичното да не се задоволувам. Со трошки па ич. Не сум се креирала самата за таков живот. Сакам да ја видам и осетам одлучноста на некој за иднината со мене.
Дека мајка ми била во право дека кога ќе добиеш дете е важно само тоа, и дека се ќе направиш за негово добро...
Дефинитивно дека имаме 0 емпатија , 0 здравствена култура како народ и дека не дај боже да не снајде смртоносна пандемија (зборам за некој вирус што е 100% летален) ние би биле првите со највеќе заразени и починати...
Стапнав во светот на возрасните, и останувам заглавена таму. Значи првите лекции ги процесирам. Избрзав, стори оф мај лајф, почнувам се' трчајќи и подоцна успорувам. Се принудувам самата да правам чекори за кои не секогаш сум подготвена, јер тоа сум јас, сакам се' и го сакам истото за вчера. Понатаму по пат адаптирам планови. Страшна година, големи преиспитувања имаше, ама мислам вредеше. Знам на каде, и знам како, потребен ми е чекор напред и кон основите. Туше.
Ме научи дека здравјето и фамилијата се секогаш на прво место, се друго е втор план и може да почека.