Се друго е споредно освен здравјето и фамилијата. Иднината не ни е загарантирана, ниту плановите за иднината кои ги правиме и за кои се бориме секоја ден да ги оствариме. За еден миг се може да ни се сруши како кула од карти.
Научив дека единствено и безусловно можам да се потпрам на себеси и на моите родители. Од никој друг не треба да очекувам безрезервна поддршка. Ама што е побитно, треба да се научам и безрезервно да не ја давам. Премногу посветеност на другите, значи изоставање на себеси.
Колку вистина имало во она дека во еден момент си тука,а веќе во наредниот може да те нема. Научив да си бидам доволна сама на себе, научив да проаѓам толку многу време сама и да не ми е тешко. Научив да бидам силна, трпелива, издржлива без оглед на околностите, ама и да си дозволам да се исплачам кога ќе дојде прав момент. Иронично, но научив и да не одбивам помош секогаш и да прифатам дека сепак пријателите се тука за да ги споделиш и лошите моменти со нив, и нема да те сакаат помалку за истото.
Животот навистина никогаш не оди по план. Испреплетен е у пичку матер, ама на крајот на денот за се има причина. Универзумот работи во моја корист.
Da bidam trpeliva i uporna... Nauciv deka Mozam mnogu poveke od ona sto sum bila... Nauciv kakvo e custvoto koga ce uspeesh.
Лекции што ги научив оваа година: - И во најстресните моменти трева да се ужива во животот. - Со текот на времето се решаваат проблемите. - Треба да мислиш на себе најпрво, а после за другите. - Понекогаш не вреди да го дадеш максимумот, доволно е минимумот.
Да се сакам себеси највеќе - ако човек не се сака себеси, нема да може да ги сака и другите, да се олабавам максимум во стресни ситуации - тоа што треба да биде посекако ќе биде. Да не се надевам на ништо од луѓе, без разлика колку се спремни да ги исполнат моите очекувања.
Дека сѐ треба да носам у пичку материну одма, без одлагање, за да неам жути минути после. Дека секој втор ми праи лице, и се ненормални сите