епа ако знаеш дека има статистика дека целиов свет моментално се фокусира само на две категории како најнеопходни, а тоа се пари и секс и тоа од 95 до 99% го сакаат само тоа...па оттука извлечи заклучоци што е моментално најголема вредност на луѓето во светот
да ама барем ќе си заминеш од овој свет со сознанието дека си оставил/а некој траг кој ако не овие поколенија, , некои други во иднина ќе го препознаат и ќе видат колку била уназадена свесноста, закречен умот со ограничувања, манипулации, украсно спакувани во светкави амбалажи на лаги и предрасуди и токму вакви божемно мудри пораки како твојава ќе се сметаат за инфантилни, латентно и лажно-смирувачки, а заканувачки, а си се удирал/а во гради и си замислувал/а, живеејќи во илузија колку длабокоумна порака си испратил/а...некој те повредил премногу, си насобрала несреќни искуства и со ова ти влеал страв дека токму тоа прекумерно полевање на билката што мислиш дека е погрешно всушност треба да се интензивира како што си правела меѓутоа други со деструкција, насилна агресија, влевање на страв и злоба те разувериле во тоа...треба едно да ти е јасно..целиот материјален свет е илузија, а токму тоа што се смета за фантазијата дека не е реална е всушност реалноста..па сега ти размисли што сум сакал да кажам со ова ако имаш со што да разбереш
2023 година ме научи дека здравјето е најважно од се. Дека колку и да се трудиме некогаш не излегува онака како што е планирано. И дека најважно е семејството .
Многу работи научив во 2023, да се тргнам од личности кои ти ја цицаат енергијата, да се сакам и ценам повеќе, да дадам шанса на личности на кои им значам, не е се така црно... најважно е да се здрави и живи оние кои ги сакаш и те сакаат, а се друго ќе си дојди во свое време
Дека целиот живот може да ти се преврти наопаку. Крајот на годината да нема благе везе со почетокот. Да се чудиш како може сѐ тоа да се изнадеси и да се промени во само една единствена година.
Научив дека е најбитно да си сам од себе и своите успеси па и неуспеси задоволен. Не треба никому да се докажуваш. Биди си свој. Уникатен и оригинален.
Годинава видов, посведочив, научив и искусив работи што ме пораснаа уште повеќе. Некои желби ми се исполнија тогаш кога веќе престанав да ги посакувам. Научив дека и тоа било можно, се' ќе ти дојде кога не го бараш. Во животот се' е спонтаност. Посакај нешто, но не се држи прецврсто за тоа и не живеј постојано во исчекување. Се впуштив во врска со личност што ми рашири видици и сруши бариери- одбери го тоа што тебе ти одговара и не се грижи што ќе кажат другите. Прв пат со некој со толкава разлика во години, па испадна дека и тоа е можно, не само што е можно, баш убаво беше. Ама не потраја, универзумот размеша карти. Можеби тоа беше само за да се наредат некои други делчиња во мозаикот. Го избрав оној што мене ме сака повеќе. Важно е да сакаш, но поважно е да си сакан и како некој те третира. Гледај кој повеќе се труди за тебе. И за крај - многумина ја изгубија почитта што ја имав кон нив. Коректно но дистанцирано, само така со таквите.
Дека соништата сепак се остваруваат и баш тогаш кога најмалку очекував, кога и делумно ги заборавив. Поточно не ги заборавив, туку не ми беа најприоритетни. Онака си терав по инерција, ама ете тие биле тука заспани само чекале да се разбудат и да ме потсетат на нив, да најдам повеќе време и простор за да ми се остварат. Сега кога ми се дел од нив реалност сум пресреќна.
Да се има дете е потешко отколку шо очекував. Да се биде трпелив и да не избувнеш уште потешко. Седење дома е и казна и благослов.
Позитивен мајндсет и поддршка од најблиските може да те однесе и таму каде што не си замислувал. Трудот и пожртвуваноста, порано, или подоцна се исплати, и коцките ќе си дојдат на свое.
Дека фамилијата ми е најбитна, само они да ми се живи, присутни, здрави, да не патат и да се радуваме заедно, пошо животот е проклето краток и еден ден ќе се разделиме. Дека сите живееме во свој свет, под постојано влијание на свои моментални чувства, неконтролирани (и контролирани) комплекси и трауми, доживеани позитивни и негативни искуства, научени лекции, стекнати знаења, секојдневни навики и практики, па така, лесно е да бидеш марионета на сопственото его кое ќе те тера сè да сфаќаш ултра лично, бурно, очајно и разочарувачки. Дека за мој личен спокој, пододобро е да бидам што е можно повеќе објективна и што помалце да ги сфаќам работите лично. Дека мразам социјални мрежи. Дека сум зависник од мобилен, т.е. од скролање. Дека (покрај фамилијата) најмногу ме исполнува работењето на здравјето, и физичкото и менталното, сè што е поврзано со тоа, од исхрана и физичка активност до психологија и спиритуалност. А треба да правам што е можно повеќе од тоа што ме исполнува. Дека во личниот развој многу напреднав и оваа година, и кој ги ебе сите што пробуваат на еден или друг начин да ме напраат будала, делулу, во заблуда, со некакви си розеви наочари, и да ме убедат дека позитивниот менталитет бил токсичен и други глупости. Дека треба повеќе да се потрудам да си го скротам егото. Дека сè што правам е битно, макар тоа било и фрлање на најдено ѓубренце во канта. Многу е просто. Дека ултра важен е менталитетот, да бидам борец, да не се откажувам, да не паѓам под прости искушенија, да не се смалувам, итн. Дека апла секој ден е прилика за промена.
Навистина е просто и истовремено практично, се веднам да извежбам мускулатура, собирам и селектирам каков отпад е за во која канта да заврши. Одлични откровенија имаш, се приметуваат особено за исхраната откако е отворена онаа темата за дневното мени. Продолжи така по својот пат на личен раст и развој.
Научив дека многу е важно да сум на место и со луѓе шо ме прат среќна за да ми е лесно при предизвици. Системот на поддршка е клучен. Исто научив дека ако мали промени на некое време ги ставам едно по едно, евентуално ќе имам големи промени, а нема да ги "сетам" и ќе влезат како дел од навиката. Го знаев ова во теорија ама ко ќе го видам во пракса го прај "пореално". Можи да се речи дека научив да бидам понежна кон себе исто така. И доста е.