Доколку се иселите или кога сте подолго време надвор од вашето место на живеење што најмногу би ви недостигало? Не мислам на кои личности, туку општо. На пример кои објекти, продавници, места за рекреација, нечии разговори, храна и сл. Нешто што сте се навикнале на него, и не би ви било исто без тоа. Ако има слична тема, слободно канта..
Од моето родно место најмногу ми недостига тишината. Таа мирната атмосфера. Секој со секој си се знаеше, си беше пријател, и во 3-4 часот наутро да се вратиш дома, знаеш ништо нема да ти се случи. А тука во Скопје по цело време само кало брмчат! Преку бел ден ми е страв од тоа какви се луѓе има, манијаци да не речам. А да не спомнувам и дека комшиите од зграда уште не си ги знам!
Ако некогаш се иселам мада многу тешко тоа ке се оствари од мојот град Скопје ама баш ништо нема да ми недостасува,од личности роднините и моите пријатели највеќе ке ми недостасуваат.
Не очекувам дека еден ден ќе го напуштам моето родно место.Ако тоа се случи, ќе ми недостасуваат моите пријатели и бавното темпо на живот.
Пошто сум од мало место, моментално сум во Скопје на факултет, ми недостига тишината и чистиот воздух, исто така ипрекрасната пастрмка на рибникот близу нашиот град која си ја јадев скоро секој ден.. Овие работи ми ептееен многу недостигаат и едвај чекам да си отидам само заради нив..
Се ми недостига од моето Скопје, се Ми недостига она бесцелно шетање по долгите скопски улици каде што никој не ме знае ни познава, ми недостига секое ќоше кое ме подсетува на моето детство. Сега во деновиве пред свадбава сум повторно тука и гледам колку ми фали градов, а и кога не бев тука секој втор ден доаѓав едноставно не можам , за мене не е само една урбана џунгла туку многу повеќе. И тешко да се навикнам на животот во помал град
Би ми недпстасувале местата на кои сме седеле, сме се смееле, глупирале со другарките Иии дијалектот исто
Па бидејќи не стануваа збор за личност,што значи освен блиските искрено,ама баш ништо.Толку сакам да се иселам од градов што воопшто не би се осеќала носталгично.
еве јас од преголема желба да живеам на друго место..ништо не би ми недостасувало освен блиските и пријателите
Неколку години додека не бев тука ми фалеше бурек. Ама многу ми фалеше...толку што, успеав(ме) да најдеме локација каде бар малкуцка ми/ни имаше вкус на бурекот тука. Финатата е што, дур бев претходно тука,целиот свој живот пред, а и сега, демек пост моето враќање..не јадев и не јадам бурек.