Темата е стриктно за тоа што пали некого кај мажите, па сепак тоа не те спречи да коментираш за жени. Така да, кој шо сака тоа си збори на темата.
Интелигенција, харизма. Не знам, немам одреден тип. И плави и црни ме палеле. Битно е тој некој шарм да ме привлече.
И оваа тема сте ја развлекле во дебати Периодов баш шарм и харизма ме пленат, да. За тие што се чудат... Тоа е кога некој лик не е нешто посебно убав но има некој специфичен од, гестикулации, странски јазик со вметнати македонски зборови, култура и манири несвојствени за нашите балканци. Се палам на црни мажи исклучиво.... Сите мажи во мојот живот се ко јајце на јајце.... Црн, средна висина, темни очи со некоја меланхоличност во нив. Силни раце и војнички од.
Интелигенција. Голем sapiosexual сум. Кога сме кај физички особености, на мало струкче секогаш фрлам окце.
И ја неам некој тип. Порано се фурав дека само црномањести типови ме привлекуваат, Али као шо проаѓаат годиниве, сфаќам дека везе си нема боја на коса, брада итн. Ок, бев и до Холандија и Шведска у меѓувреме, тоа помогна многу Физички сакам само да е повисок од мене, да има убав од (ова многу го приметувам) и да е социјализиран доволно, за да знае коа како да се понаша. Дефинитивно највише ме привлекуваат мажи од кои шо можам нешо да научам, кои се поуспешни, поамбициозни и поискусни од мене. На било кое поле.
Покрај изглед, глас, детали ова она... доста често дискутабилни суштества ме привлекуваат поради тоа што прават добри филмови или некако однесувањето нивно ми е секси. Велам дискутабилни суштества затоа што често никаква врска немаат со поимот маж (според мене) и многу често дури и грди момци. Јас сум фрик. Денес на работа, клиент ме поздрави, погледот, гласот и некако филмот му беше добар. Само ме поздрави, а со поглед го следев како зборуваше со шефот...дечково не е посебно убав, ниту пак е некој битен, онака го познавам. Не е ни нешто паметен да речеш, немам приметено карактерно. Ама не можам да објаснам колку привлечна енергија имаше.
Најпрво да ме привлекува физички... Ме палат остри црти на лице и плави очи, убаво газенце, да е повисок од мене... да има убаво тело, и под убаво подразбирам природно со малку мускулче Боди билдери, то ест батковци над 150 кила ми се антипатични, ко пилиња со хормони напукани ме потсеќаат, а и ќе ме издише... Сето ова физичково пропаѓа ако нема самодоверба. Многу важно да има харизма, да може да ме напали Имам за пишување што ме привлекува уште многу, ама тоа не е за тема секс