Насмевката!!! Да не е штица, да е малце подебеличок. И да не е глупав и да не лежи во кревет по цели денови... со нив иднина се нема
Интелегенцијата и смислата за хумор. Не барам некој кој што ќе ми дрви на не знам си какви теми,ќе ми дава статистики за бројката на гладни во Африка пред 10 години и денес,не барам некој кој што е којзнае колку начитан и со сите 5ки,него едноставно сакам машко со кое што би можела да отворам муабет на најразлична тема,да има познавање од се` по малку и пред се` да биде доволно заинтересиран за нештата што се случуваат околу него! Смислата за хумор ми е исто доста битна ствар,не очекувам да биде тоа тип кој што ќе ме смее толку многу,што утредента ќе имам запалење на стомачните,него нормален смисол за хумор,тогаш кога е ПОТРЕБНО. А,физички. Па,воглавном не сум многу пребирлива што се тиче тој надворешен изглед,ама ете,ме привлекуваат доста многу високи момци,со убави очи,веѓи и убави раце. Не знам зошто е ова последново со рацеве,ама фетиш ми се! Големи дланки и убави прсти. Добитна комбинација. Шармот е секако неизбежен и исто така да си има свој сопствен стил! Дали е рапер,рокер,металец,кул гај со кул цвикера или не знам уште што,воопшто не ме занима. И за крај,зошто во нитуеден од моите бивши не можам да го пронајдам сето ова што го изнапишав? Потрагата е сеуште во тек.
Сакам машки со поголема тежина и висина од мојата, со тешка рака и со широк грб, а во исто време да има некој уметнички малку повлечен став. Сакам широка насмевка и малку згрбавен нос, сакам големи цврсти раце и разбушавена коса и едноставна облека.
да биде малку повисок од мене, не сакам кога машкото е повисоко повеќе од една глава од девојчето. да има кратка коса најмногу 3 цм да има темни очи . да нема впечатлив нос и уши (да не речам нословци и ушловци) да не биде слаб ама и да не биде дебел да има некоја рамнотежа тука да внимава на својот изглед и облека а најмногу на обувките т.е чисти да бидат и секако да биде без симптомите на сељак, да има смисла за хумор и да не биде мрза. Ова беше опишување на моето либе со исклучок на дебелината (ко колче за домати е) али ќе го здебелам ко ќе се земиме
Смислата за хумор најмногу од се и очите,косата, задникот не мора да биде толку убав физички колку што е важно да има смисла за хумор, но сепак симпатичен да е
дефинитивно косата ако нема убава косичка малку подолга тогаш не ни го погледнувам.Ретко да ми се допадне некој со кратка коса Spoiler бричен со машинка
Најмногу ме привлекува насмевката, смислата за хумор. Ако знае да ме насмее тоа му е голем плус кај мене. Ме привлекуваат интелигентни мажи, кои знаат што сакаат и со кои можам да зборувам на различни теми. А во врска со физичкиот изглед сакам да е висок, да не е многу слаб и по можност да има полни усни и убави заби.
Најмногу ме привлекуваат насмевката и цврстите, силни раце, а исто и дланките. Си се чудам на самата себе....
Дефинитивно нивниот став и шарм, ако има некоја позитивна аура и е сигурен во неговите ставови, е паметен и има харизна- негова сум
Висината. Има дефицит на високи машки, или ние модерниве женски растеме многу големи, појма немам. Знам само дека кога ќе облечам штикли, ретко да се најде некој повисок од мене. На второ место го ставам карактерот. Ако не е оупен мајндед, цивилизиран што би рекла, и ако нема смисла за хумор, тогаш веќе не ни ме интересира.
Очите посебно и насмевката и секако стајлингот Ама секако се е до карактерот ама за физички изглед насмевката и очите и можеби косата
Сакам машки со убави веѓи, НЕ чупани , туку убави, густи ( гајтан ) веѓи. И сакам да има крупни, мускулести раце и широки рамења
Ме привлекуваат очите, насмевката, да знае да ме насмее, да е интелигентен за да можеме да комуницираме, сигурно нема само да се гледаме во очи , и да има машкост во вистинска смисла на зборот, кога ќе го видам сакам да ми заигра срцето и дефинитивно да има изградено став во животот и да знае што сака
Физички - убава насмевка и црвсти машки раце и стомачни нема да е лошо.... Али за целосно да ме привлече и карактерно сум многу комплицирана (ко секое женско де). Незнам ни јас што точно. Да можам да си направам муабет, да не ми се лигави, да има цврст карактер, да знае да ме насмее....и така некако проработува привлечноста