Исто, исто! За насмевката нема мубет тука, јас ОБОЖАВАМ насмеани машки, онака да ти пренесат позитивна енергија со само една насмевка И на рацете обрнувам многу внимание, сакам машки со големи, цврсти дланки (ова затоа што јас имам огромни дланки и не сакам јас да го шетам него под рака туку тој мене ). Па уште и некое штосно часовниче ако имаат мх мх мх... А не дека и во задницата не се популувам малку Каркатерно најмногу ме привлекуваат амбициозни машки. Значи машки кои точно знаат што сакаат, и секогаш се расположени за повеќе. Ако ми дојде некој готован се што добива е од мама и тато, подобро воошто да не доаѓал. Занесени фаци какви што ги опишавме во симптоми of being a сељак во смисла на јаооооо маче ти знаеш ли кој сум јас мразам! Значи амбициозност, харизма, позитивност ми е исто многу битна (мрчатори не сакам, кои цел живот се со нешто незадоволни и му смета). Тие 3 работи ми се најбитни.
Од физичка убавина најмногу ме привлекуваат очите и насмевката. а и сакам убво мазно избричено лице, не сакам ни најмла брада некако ги прави постари и сериозни.
Би ме привлекол некој си шармер, со чудна харизма по можност некоја уметничка креативна душа. А физички сега би ме здрмал некој висок, црн, со дупчиња на лиценце од осмех и многу сакам дупчиња на брада. И да има машкост, кога ќе го погледнеш да дрма бре од маженственост и да го посакуваш секој момент.
Па целокупниот изглед, на пример по некогаш да има двајца, едниот да е лепотан со се нај на него и некој си нормален обичен изглед да ме привлекува обичниот зошто некогаш со тој се чувствувам убаво во негова близина отколку со некој лепотан што ќе се чувствувам непријатно. Така да зависи некад сосема обратно кога како.
Сериозноста дефинитивно, дури малце може да граничи и со немтурлук...ама малце . Дечко што има одлична смисла за хумор, или постојано се смее можам да го замислам како другар, ништо повеќе
Многу работи треба за да ме привлече... за физички карактеристики на списокот се: мора да има поглед кој инстантно магнетизира и хипнотизира... веѓи природни,совршена насмевка,изразено мажествени црти на лицето... кои одразуваат добра симетрија.. да има густа коса,правилен нос... телото мора да е атлетски градено и депилирано,со изразено широки раменици, одлично обликувано мускулесто торзо...и цврст задник... правилни нозе...висина над 187... освен целосно што треба да ми биде убав,треба да поседува шарм и харизматичност... а карактерно... зборот интелигенција да биде основен синоним и асоцијација за оваа личност... високо образован....креативен и инвентивен... културен,префинет со одлични манири,индивидуалист,човек од акција...и иницијатива за постојана промена и надградба...на сите полиња во животот... да поседува искучителна амбициозност.. авантурист,реалист,практичен а и многу многу романтичен,... со изразена смисла за хумор... човек од принципи и со цврст карактер...кој е имун на туѓи влијанија... да поседува смиреност и позитивна релаксирачка енергија... во основа треба да е многу добра личност... и last but not least important... да може да се справи со мене
Искрено поима немам, бидејќи од она што имам зацртано како тип на машко што јас сакам, темна коса, светли очи, темен тен дрн дрн, што го имав, во моментов имам нешто што никогаш не сакав, сосема спротивното плавуша машко, а јас сум баш темна коса, темен тен, темни очи, комбинација лудница ццц. Има нешто ко магнет што ме привлекува кај одредени машки и не знам што е тоа, не е дотолку физички нешто, не е нити некаква интелегенција, бидејќи е некаква си енергија што ја чувствувам од старт и само кога ја чувствувам дознавам тогаш за сите работи што човекот ги има и фала богу не грешам дека има и повеќе од некаква си убава енергија. Така што веројатно сум ко некој забеган човек од некое хипи време кој без да знае се движи кон луѓето според нивните аури или што годе да се тие ствари што те привлекуваат кон некој. Насмевка и очи, главно тоа е тоа преку што се пренесува тоа што се пренесува што и да е, а што мене ме привлекува ненормално многу. Тоа е стартот де. А по таа базична привлечност тогаш веќе раменици, врат, задник, раце, ово-оно све потоа све вришти на тоа што вришти
Добро градено спортско тело, може веднаш да ми падне во очи, ама не е секогаш пресудно, сепак може и некоја ситница, некоја мала црта да ми го привлече вниманието, а после пресуден е карактерот, и обожавам дечки со истакнати задници! [mod-kirilica:1zc5l99t][/mod-kirilica:1zc5l99t]
Кога станува збор за физички изглед секогаш, и тоа го сфатив дури пред некое време се силни цврсти машки раце. Убава насмевка, шармантна и не гласна та до Водно да го чујат. Карактерно гледано ме привлекуваат мажи кои имаат слични интереси на моите, тогаш ми се разгорува страста и кон темата и кон личноста. Кога гледам дека не е папучарско лигле, а сепак романтичен, односно да си ја знае границата од папучар до романтичар, која е и те како тенка. Карактер кој е силен, исто како и него, човек кој може да разбуди насмевка на моето лице, но да не е зае*нт, па да не можам да водам сериозен разговор со него. Личност со која можам да се осеќам сигурно и заштитено, во однос кој е искрен и доволно цврст за труд. Се на се, комплицирана ситуација, комплицирани желби. Си пружам рака сама на себе што ваквата личност е пронајдена.
Не знам што ме привлекува, ама мора да има нешто посебно, некоја харизма и чудна убавина. Што би рекол еден другар- сакам да го гледам како бурек со месо и едвај да чекам да го изедам.
Конечно некој да ја спомне енергијата и аурата што придонесува за привлекување меѓу половите. Одлично. @ Oceangirl - Знам дека на темава се пишува за индивидуални вкусови ама ... Господ нека ти е на помош со тие критериуми
Телото (мислам на убаво градено тело, и рамеењаа), и дефинитивно очите ( погледот ) мммммммммммммммммммм
Хмм... Телото (набилдано да е) Косата! Очите и усните... (топ 3) Инаку приметувам и најмал детаљ кај луѓето и понекогаш не обрнувам внимание на тоа што зборуваат.
Послатки ми се пониските машки такви, фраерчиња Очињата-светли Убава уста И најбитното УБАВ ГЛАС Можам да се заљубам во некого само поради гласот
Висината (да е висок,не само оти ја сум висока,туку отсекогаш сум сакала високи машки) Телото - па не барам некој најбилдан или којзнае што..нормален да е.. Насмевка Харизма, и карактер и најбитно - погледот ..машко одма можам да оценам според погледот