Значи за некој да ме привлече мора најпрво физички, по тоа се подразбира плаво ,смего дечко со убава насмевка и со сини или зелени очи и добар стил за облекување
да и тоа како едно време се палев на Џејмс Оливер едит: http://www.youtube.com/watch?v=AgHgbn_sVUw http://www.youtube.com/watch?v=w2OK6xDd ... re=related
Привлечен ми е до оној момент додека тоа го прави повремено за да ме изненади, но ако ја запоседне кујната трајно и ми наоѓа секакви забелешки околу моето готвење за да би се истакнал себеси ако е ова неосновано мислиш свекрва од оној најодбивен ков, ќе почне да му опаѓа привлечноста, значи во граници на нормала прифаќам ама јас сум традиционално девојче во душа и кујната си е мој терен, единствен заеднички би да ми е спалната, за друго сакам поделба на машко-женски улоги со умерена припомош од двете страни, ама не и претерување. Ако па ми се падне кувар му ја препуштам кујната од старт, .
Хмммм..Пресуден е внатрешниот изглед,но не го занемарувам ни надворешниот! Нормално дека би ми се допаѓал и помаку атрактивен тип кој е духовит,паметен,сигурен,романтичен,добар оригинален и креативен...
Кај мажите....хмммм...без размислување.... Грубиот глас...онака баш машки....потоа се разбира физичкиот изглед... А незнам зошто секое момче го гледам во обувката(чевли/ патики),ако носи некоја одвратна обувка одма правам смршетна фаца
Веќе сум пишала, ама да си се дополнам со една статија на интернет, ова е комплетно: Уметничка душа Тој е спонтан, опуштен и по малку мистичен. Својата креативност и талентот ги користи да го освои нејзиното срце и тоа скоро секогаш му успева. Малку жени можат да им одолеат на уметничките дела со посвета! Навистина нема подобар начин таа да се почувствува единствена. Плус смисла за хумор, тоа е тоа.
Смислата на хумор ми ми е пред изгледот да знае да те насмее е поважно отколку надворешната убавина Прашање - какви машки ве привлекуваат со детска фаца или повозрасни мажи во вистинска смисла на зборот ???
Малце ти е глупо поставено прашањето. Мажи со детска фаца или пак со онака, сериозна фаца, си требала да пишеш, а не повозрасни или постари. Бар јас така сфатив. Одговорот би бил вторите. Првиве не ме привлекуваат многу, баш ради тоа дека ми се ко бебиња. Нежни, слатки, дрн, дрн ... Додека вториве ми се посекси, посериозни, помажествени и така
Грбот најпрво го забележувам и сакам да е гооолем и плавите очи и устата полна и големка на дечкоми несакав ич плави машки се додека не си го запознав мојот убавец ихихихи
јас немам определено пример таква коса такви очи бла бла самата негова појава може да ме привлече, начинот на кој се движи, оргиналноста, шармот и смисла за хумор
Немам одредено нешто од типот очи, уста .. Едноставно без разлика на тоа какви се, каква форма имаат, прво во очи ми паѓа целосната појава, одот, ставот, енергијата која ја упатува кон луѓето во близина..
најпрвин очите...потоа устата...дебелината...дали има мускули дали е косата...лелел...што уште г***т дали е шармантен и заводлив...или е фраер...
Некој занесен и боемски став, продорен поглед, убава насмевка, цврсти дланки и висина над 175... Плус ако има гитара на грб... готов е, грабам и бегам.