До пред некое време не знаев што ме привлекува точно, се до дека не сфатив дека ме привлекуваат смеѓи машки. 99% од мажите со смеѓа коса ми се попривлечни од оние црните, и Петко ми е смеѓ можеби затоа толку си го сакам Ме привлекуваат и очите, сакам мажи со убави очи и убава конструкција на телото. Не сакам бејби-фејс и слаби,жгуљви мажи (ко оној Кико од Идол) ми личат на деца, а не на мажи. Сакам силен, голем маж покрај кој би се чуствувала сигурно, а не некое жгуљаво детише наместо тој мене да ми пружа сигурност јас него да му го пружам тоа. За мене мажот не е маж ако неможе без проблем да ме крене без проблем во раце . Значи косата, очите, конструкцијата на телото и да не заборавам забите, убави правилни бели заби кои се кријат во некоја убава полна уста . П.с. И мажите со брада ми се поубави од оние мазните, повторно заради она бејби-фејс .
Па што знам... различно секаде! Единствен совршен маж за мене е Федерер, во секој поглед. Кај некои ми се допаѓаат очите, кај некои телото, облеката, начинот на зборување... А кај некој ете и да нема никакви физички квалитети може да ме привлече харизмата, гласот, моќта, талентот,,, зависи што е. Ама нешто мора да има!
И јас не сакам бејби фејс слабички дечиња и мислам дека машко што не води сметка за мускулите и физичката активност не е машко и не сакам мазно лице кај него. Инаку најважен е карактерот, машкоста, моќта, авторитетот, да е силен, фраер (уште ако е светол, не плав туку светло смеѓ тоа е плус) гласот нормално е длабок машки не тенок . И може чудно да ви биде ама јас не сакам ни машко со полни усни што знам тоа женски ми е некако нормални може полни НИКАКО доста се моиве полни. А и не сакам баш впечатлива боја на очи и крупни очи не сакам тоа ми е ептен женствено а и детски знае да делува. И не сакам насмеани стално, расцерекани, чашитки и... ај доста е пребирлива сум многу знам
Порано сигурно одговорот ќе паднеше на очите или погледот мојот бивши имаше баш онаков сексоповикателен мачорски поглед зад зелените очи + насмевка со убаво подредени запчиња + предница и задница која ветува - ова нема да го дообјаснувам бидејќи сум го студирала исцрпно :geek: + убава форма на дланки = скоро совршен примерок. Сега откако станав помудра , добро де може и не - гласам за ставот сакам маж кој има став кој чекори како да го поседува секое парче под сопствените стапала, кој е полн со самодоверба и знае што сака. Харизматичен и помалку арогантен и циничен стимулатор за вијуги и склон кон моногамен разврат во мултипликативен континуитет. Многу сакам да, ама кој тоа лаже дека скромноста е доблест, ?! Јас велам ако сака некој нешто Бог нека му даде кој не сака ништо ништо и да не добива кој не го цени она што го има ќе го изгуби енд соу он. Ваков мадафака алфа мажјак сакам јас, само во домашна арена на рунди ќе има често изедначен резултат важно шоуто ќе тече и не ќе е тажно .
Ќе да е движењето. Да не се клати како да го удрила кола од лева страна, туку да оди нормално, мажествено и да има став брате. Да зрачи со самодоверба и позитивна енергија, да поседува поглед од кој што би ми се вкочанило цело тело. Потоа доаѓа гласот, сакам груб глас, влијателен и моќен, баш машки. Насмевката - убави заби, по можност дупчиња на образите, секси ми е, не можам да си помогнам. Две глави повисок од мене, стегнат и силен, физички активен, со не многу развиени бицепси, трицепси, гради и слични ствари, сакам кога ќе облече маичка да не се плашам да не му пукне во секој моменат. Значи, средина некоја. И тоа е, од прилика.
Прво лицето онака да ми биде убав,а така си загледувам и како оди хахахахахах ме привлекува одот(после убавината )
па на прв поглед ги забележувам очите и мора да биде висок пошто сум јас да можам да си носам и штикли а да не бидам пониска од него е после мора да биде добар и во никој случај љубоморен ме иритираат таквите
Па очите прво ги забележувам плави очи ме заслепуваат многу да има смисла за хумор да биде романтичен , да има црна коса,да биде повисок од мене да има шарм и харизма, убаво да мириса, да биде богат и многу ме палат машки што носат црвена облека. да знае да готви и.т.н. луда сум знам Сакам маж во вистинска смисла на зборот а не бебе
Прво нешто што приметувам кај машко се рацете. Многу сакам убаво дефинирани, и негувани машки раце. И да е најубав на свет, ако му се прстите како ќебапи, или предолги како шпагети, или пак има многу груби раце.....џабе е се. Многу брзо ги забележувам очите, и погледот. А најмногу може да ме привлече парфемот. Не се вртам многу по убави дечковци, но секогаш се вртам по убав машки парфем
Не сакам детска фаца ама го сакам онај детски шарм, не знам како да објаснам Како Џош Хартнет што има фацка пример
Не сакам детска фаца ама го сакам онај детски шарм, не знам како да објаснам Како Џош Хартнет што има фацка пример
Прво нешто се рацете, сакам добро обликувани и негувани раце, и парфемот оффф лелеле, да ме полудува со парфемот сакамм
Хммм па најпрво каков поглед има,насмевката можеби и малце чудно и ке се изнасмеете на тоа што ќе ви го кажам:што обувки носи сакам машки што поспортски се носат и ако не ми е по кееф м исе руши филмот одма