погледот, насмевката, мора да биде духовит да ме смее многу, мора да мириса убаво(машки парфеми )истотака сакам да е повисок од мене и да не е дебел ...
Морам да признаам-дефинитивно начинот на облекување на прв поглед ме удира.....Да дадам конкретен пример од еден дечко-избледени фармерки,бела мајца и карирана кошула(која удира на розево или зелено) и бели патики.Згора на се,ако знае да се носи со тоа,одлично...Не дека сите машки треба така да се облекуваат,но ми се допаѓа тој да речам лежерен стил.....И,физичкиот изглед ми е доста битен(не е битно дали ќе биде црн или плав,ако изгледа супер нема проблем....Но веќе натака,ако муабетот не ми се допаѓа и ако звучи глупаво,ништо од тоа не вреди и не работи кај мене.....И да надополнам парфемот,затоа што обожавам машки парфеми,толку што понекогаш користам...hahah
На изгледот ме привлекуваат убави очиња така нежно да ме гледа да ме пали коа е тажен Убави полни усни, меки.И рацете многу ме привлекуваат добро оформени раце така силен да ми е ама не премногу
Најмногу ме привлекува физичкиот изглед значи неможам да оделам некој дел кој посебно ме преивлекува ,за да бидам со некој мора целосно да ме привлекува но велат -убавината привлекува,карактерот задржува-
Прво нешто кај маж приметувам висина, зјапам во високи момци, може да помине и убав понизок маж не верувам дека би го забележала. А веќе кај високите кога сме го сакам оној поглед, секси поглед со поткрената веѓа и една убава машка насмевка која е доволна да ме стопи и да ми заигра вилицата, колената да ми се затресат и срцето вулкански да проработи Секако да е маженствен никогаш не сум загледувала бејби фејс. И да, да има силна рака. Сериозно приметувам убава рака и раменици Е ова е идеален маж за мене на прв поглед, али најчесто идеалата опаѓа откако ќе го запознаеш
дефинитивно физичкиот изглед го приметувам најпрво, смеѓа косичка зелени или плави очи и како што кажа росонерка убаво оформени раце, а потоа следува задникот сите со кои излегував беа нешто во овој стил ама има вистина во тоа убавината привлекува а карактерот задржува повеќето беа нафурани, но на крај сепак си го најдов тоа што си го сакав и физички и карактерно
Од физички аспект. Прво погледот, начинот на кој ме гледа. Не може да ме привлече некој без да осетам хемија помеѓу нас, или да биде барем шармантен. Потоа - грбот. Ништо не сакам повеќе од убав грб, ништо. Повеќе сакам да е маженствен отколку бејби фејс. Парфемот. Ахх. А и полна уста не е на одмет. Карактерно. Не барам многу - само да ме ислуша кога ми е потребно, да прави да се чувствувам сакана, заштитена. Амбициозен, да има свој став.
Паѓам на висина (над 185 па и повеќе), ме привлекуваат убави, машки, дланки, односно раце, а дури сега сфатив дека пеперутките прават тешка drum n' bass журка кога дотичниот има неверојатно длабок и секси глас. Ма какви пеперутки....одма се.... Spoiler правам воденица
Хемија-ако нема искрички меѓу нас, дечкото може да е и Џони Деп( )па пак да не ми се свиѓа...Освен хемијата, многу ме привлекува смислата за хумор, кафеави очи(друга боја не прифаќам ), малку или малце повеќе развиен и секако слатко газе