Физички изглед. Најпрво косичката ,па ставот, стилот.. Очите никогаш не ги приметувам Во четврто одделение детето што си го меркав (овој беше осмо ) во гужва кога излегувавме од школо си го познавав по патиките
Косата, усните и бицепсите. Тие три работи први ми паѓаат во око. (да не бидат погрешно сфатена за бицепсите, не дека сакам билдери туку убаво оформен мускул на раката)
Најмногу ме привлекува косата, очите, усните .... Али секако многу ми е важен и карактерот... Па можам да кажам и најважен
Косата,усните,стомачи(не мора да се големи,но да си има малце),и најповеќе ме привлекува,да има убаво секси газе
Не сум повеќе тиква зелена да паѓам на такви и такви очи, коса, усни... Џабе ми е се' ако дотичниот нема грам мозок, почитување, разбирање и осет за работите. Ама додека се освестив, колку пати удрив со главата во ѕид
Хм ... Најпрво ме привлекува физичкиот изглед. Очите, косата, усните. Второ, начниот на однесување со девојки. Нежен, груб, почитува или не. Трето, ме привлекува стилот на облеката. Што носи, како комбинира, меша ли стилови или не. Во главно, тоа.
Значи најмногу,најмногу ме привлекува убав,длабок машки глас онака баш кога ќе прозбори коленцава да ми се затресат Убави дланки,очи и насмевка...И заклучок,јас гледам само во горниот дел од маживе А,кога по ѓаволите ќе погледнам надолу,м? На 40? Ова мора да се среди,не не
Најмногу се палам на долга коса (која не му стои на секого), убави големи мушки дланки, насмевка до негде...Сепак и да ги има сите карактеристики на кои се палам, ако го нема "тоа нешто" во него, џабе е се.
Убаво тело и убави очи а што се однесува до карактерните особини не знам зошто но ме привлекуваат машки кои се наизглед агресивни а всушност романтични но во граници на нормалата.Секако сакам паметни машки не некој со кога не можеш да направеш два реда муабет.
Да знае да ме насмее..е тоа најмногу ме привлекува...цело време да е насмеан а не како некој намќор да ми кмиши !
Да е интелигентен, да не е некое ептен романтичарско лигле, да има јак став, да знае да покаже дрскост и сериозност, да не можам да си играм со него како сакам, не ми е тоа веќе интересно, и да знае да ме насмее И најверојатно да е музичар, со оглед на тоа дека сите до сега што сум ги сретнала и ми се свиѓале се музичари. Вака, физички, да има подолга косичка (читај не шишка, туку долга коса ), да е висок и слаб нели и прстите. Да има дооолги прсти
прво,очите,насмевката,гласот,а потоа целиот лик и изглед на момчето.а и важно ми е да биде забавен и фин,а не во друшто да молчи секој да го зафркава ...сепак сметам дека ако во нечиви очи се заљубиш-НЕМА БЕГАЊЕ! ама ако
Не знам зошто темава е ставена овде. Anyways.. Очите секогаш прво ги забележувам. Не мора да се најубави, ама погледот, гримасите, начинот на кој (ме) гледа знаат да ме фрлат на земја. Тоа е првото нешто што го забележувам. После тоа, НАЈБИТНО нешто ми е, да е културен, добро да се однесува. Одвратни ми се машки кои за да се направат фраери понижуваат се и сешто. Бегам подалеку од нив. И на крај, сакам да е забавен, друштвен, да има смисла за хумор.. Се на се, физичкиот изглед го ставам на крај. Нормално, ако има дечкото шарм, харизма, може да те освои без да биде фешнмодел.
Прво нешто што ме влече е насмевката! Spoiler Се извинувам за оф-топик.. Така ме „ќари“ дечко ми. Ми пријде, ми се насмевна и јас „паднав на гз“ Па интелегенција, карактер и речник-не планирам да седам со некој што незнае да поврзе два три збора и да состави реченица или пак да ми збори само за компјутерски игри. И на крај дури физичкиот изглед. Доколку некој маж ги поседува сите овие работи, тогаш тој е идеалниот за мене. Spoiler на пример дотичниот мој. Многу си го сакам