Скромноста...можеби затоа што денес е толку ретка. А сум забележала дека личност со ваква доблест, поседува уште низа други пропратни добри карактеристики.
згодното тело, парфемот едноставно мн ме привлекува, кога ке се доблиЖам сакам да помисрисам машки парфем бе, хигиена во еден маЖ рацете секако. и секако карактерот, тоа е прво и основно.
И сега додека го слушав Викса на Сител со неговите коментари како "Шиба Кејти као да е од Штип" , ми текна дека ме привлекува и креативна смисла за хумор. Слободно можам да кажам дека паѓам на тоа.
Незнам дали имам пишувано на темата ама дефинитвно најмногу ми се допаѓаат машки со широки раменици, тоа ми е најмажествениот дел кај мажите, и убави заби, тоа
Насмевката. Убава насмевка ми е најпривлечна. Потоа, очите. Телото, малку да е развиен. Не претерано. Парфем обожавам машки парфеми За карактерни особини не зборувам
Тоа најмногу. покрај тоа фацата, насмевката и очите..а да и тенот црн да биде .не цигански туку онака сексии
Најмногу, рацете. Сакам да му се големи, да не му се слаби, сакам да има широки рамена и секако над 70 кила да е. Не сакам слаби машки, сакам мажетина со добро тело и добри мускули и големи раце.
хохохо фала ти анушка за мотивацијава до сега само се разочарував кога ке видев мрсни машки со убави девојки и почнав да си викам па немора да идам 5 пути у неделата вотеретана да кревам кога и без тоа можам да имам згодна џенцкааа али убаво е кога убаво изгледаш и се ти стои најс извинете за оффтопиков морав хххх
Од физички аспект - не сакам полни, значи пристојно да изгледа, малку повисок од мене, длабок продорен поглед и да , многу ме влечат машки со широки рамења .. карактерно - да знае како да третира девојка, опуштен, со добра смисла за хумор и да е истраен во работите што ги прави т.е сакам цврсти карактери. Тоа е тоа.
Сум имала напишано мислење на темава, но да се надополнам сега Не мора да биде ептен лепотан, мислам нормално дека е важна физичката убавина, ама мене почесто ме привлекуваат други работи. Абе знаете како, понекогаш има нешто во некого, не можеш да откриеш што ама може опасно многу да те привлекува. Е сега за тоа што знам: Секогаш различно, може и една точка да ме привлечи мене па да се ѕверам во таа точката Еве најчесто се движењата, рамениците, рацете (не сакам ептен големи како со цевка надуен ), косата ја ставам тука, гласот, и нешто најмногу ама најмногу што ме привлекува е исправена става. Абе старче да е исправено така, ќе го загледам Секако дека ова не значи да стои како споменик Може да ме привлечи и преку бојата на алиштата ако му стои убаво. Многу ме привлекува и добар машки парфем. Баш пред некој ден сама си се изнасмеав, на пешачки премин се разминав со така прилично постар господин ама кога ме дувна тој парфемот негов, се завртив да го видам уште еднаш Сакам да е паметен, ама да не е бубалица Ете тоа би била отприлика мојата кратка листа
Најмногу лицето. Не барам да е совршен, ниту пак да е многу убав. Сакам момци со поразличен изглед, а не со обична просечна фаца. Очите- Погледот најбитен ми е, ако нема таков поглед не ме привлекува, па и лепотан да е. Усните- сакам убаво дефинирани усни, со остри црти на горната усна. Насмевката- крупна и рамни заби. Овој што ми е на мета моментално, протези носи кутриот, така да на добар пат е. Не барам многу, нели
Од физички аспект - не барам ништо. Само да ме шармира. (независно дали е плав, црн, висок, низок) Не ми игра улога изгледот, па да барам нешто посебно. Само да го има она `нешто` кое ќе ме фасцинира, опие.... Повеќе ми игра улога ставот, културата, однесувањето при самото запознавање... Тоа ме привлекува на момент. А, за покасно, е тука играат улога многу повеќе фактори (пред се` од карактерна природа).
Јас незнам да кажам дали ме привлекуваат плави, црни или незнам какви. Тоа што ме привлекува е некој посебен шарм кој некои машки го имаат.
Цртите на лице, односно, “релацијата„ нос+уста+насмевка! Немам навика да се загледувам во непознати (било машки или женски), но ако ми се појави во видокруг висок (185-190), солидно распоредена маса, со црна коса, убав нос, убава уста, насмевка од која ке светкаат убави прави заби, таков заводлив поглед и шармантен осмех- нема да му простам! Дефинитивно насмевката ме освојува на прво место, а отпосле следи градбата и се остало...