Се палам на металци со долги, виткани коси Ме привлекуваат, често се вртам по нив на улица Инаку сакам таинствени момци, кои тешко можам да ги прочитам,паметни,свои, начитани, со различни интереси и сличен вкус во музиката со мене (не дека тоа ми е најважно, но музиката и те како говори за него) и ако свири инструмент има плус поени кај мене (гитара, бубњеви и сл )
Oчите и насмевката, прво тоа го прегледувам, а потоа карактерот кој е многу битен секако, што ќе му е убавина кога незнае да се понаша, мислам дека сите се лепиме за надворешниот изглед, и често останува само на тоа
Погледот (очите),самодоверба и насмевка! Потоа косата (мразам машки со дооолги коси и опавчиња ),висината - слабост ми се високи машки иако сум со средна висина. Сакам кога ќе ме гушне да се осеќам сигурно,малечко Од страна на карактерни особини,порано од многу гледање филмови си мислев дека перфектиот дечко е од типот на "bad boys",но сега во реалноста сфатив дека најважно ми е да биде искрен,самоуверен и паметен,и нормално да ме почитува.А не сакам ама баш ич романтични типови,не паѓам на романтики..повеќе ми е смешно отколку убаво
Сакам бе убаво да ми збори, сакам да делува како бубалица, а да има нешто расипано во него, сакам убаво да ми зборува! И крај на прикаската. Нека ми зборува за физика и нови научни експерименти, за биологија, генетски инженеринг... Обавезно се потпалуем на такви муабети, башка ако искачаат од убава уста у комбинација со многу темни очи и остар поглед, така фино фацуле, би му седнала на фаца, јust sayin'
На прв поглед Веѓите (обожавам убаво средени темни веѓи ) и насмевката. На втор поглед : Дланките и задникот
Карактерот !!! Значи тој може да е лепотан, а да не знае да се извини, да каже БЛАГОДАРАМ! Добро секако да е симпатичен не мора да е убав...
Е ај сеа да не се правам Јованка Броз, прво што ме привлекува е физичкиот изглед де. Му гледам очи, поглед насмевка и рацете. После некое време, по анализата на држењето ми текнува да слегнам поглед маалце подоле и му го гледам г-зот и нозете, не сакам машки со криви нозе(и после немало да сум сингл), ама сето тоа паѓа во вода ако откако го запознам излезе некој нарцис или што ти знам каков. Сума сумарум, сепак побитен ми е карактерот од физичкиот изглед, мајке ми. Ако знае да ме насмее, да направи опуштена атмосфера и да можам да бидам тоа што сум кога сум со него, нема нешто што би можело да го негира тој факт.
Па она што на прв поглед може да ме привлече кај некој маж, се убави усни, и убави раце, тоа е на прв поглед но за да бидам со некој треба пред се да знае добро да се однесува во друштво и да биде добар љубовник. И, пред се многу ми е битно да биде дискретен, бидејки јас сум разведена а како што реков во минатите постови имам големи ќерќи, и несакам да ги брукам пред другарите да ме гледаат како се шетам со секакви мажи или да слушаат разни муабети за мене и затоа ми е битна дискрецијата а во денешно време тешко е да се најде, таков маж.
Погледот. Да има онака остар зол поглед, и светли сини очи.. е на таков бре на колена паѓам и насмевката секако најбитна ми е. Потоа забележувам какви рамена и раце има, битно е да има широки рамена со мускулчиња..(не сакам набилдан туку онака малку мускулчиња и вените да му се познаваат хаха )