Вилицата, тоа најпрво гледам и најмногу ме привлекува (сакам широка, да се познава на крај на лицето, незнам како да објаснам) . Потоа очите да се светли, зелени или плави сеедно. Устата, сакам подебели усни. И на крај телото, посебно рамениците сакам и забележувам ако се широки.
Насмевката ме привлекува кај едно машко...Сакам убава насмевка со вдлабнатинки на образите вака нешто
Ова коа ќе ме праша некој ств незнам да одговорам Едноставно сакам да биде убав. вакви некој ми се свиѓаат.
уф прво очите многу паѓав на плави и зелени очи,а секогаш второ нешто карактерот,мислам дека убавината не вреди баш ништо ако е расипан во душата,цело време е намуртен и само урла
Очите и насмевката се првото нешто...потоа да има смисла за хумор, харизма, да знае да почитува, елеганција...и може некое мусклулче
Висок, убава насмевка (уште ако е со дупчиња на образите, ахх ), остар поглед... Не мора да е нешто развиен со мускули ау, доволно е да знае како да застане, исправено, маженствено... Да има самодоверба, тоа најмногу ме привлекува. Да не трча по се што носи фустан, туку да остави тие по него да трчаат, односно незаинтересираноста негова највеќе ќе ме заинтересира Исто така сакам кога машко се грижи за својот изглед. Не да гледа да биде облечен по најнова мода, туку доволно е да знае што со што да комбинира.
На прв поглед очите и насмевката нормално.Ааа,и косата,кратка кафена по можност Карактерот и личниот став имаат големо влијание,абе само поглед да му фрлам и одма знам дали ме привлекува или не .
Манирите, степенот на интелегенција, начинот на којшто зборува (вокабуларот) и културата што ја поседува. Од физичкиот изглед на прво место ми се рацете, очите и насмевката.
Ме привлекува ставот,мажественоста,културата и бон тонот кои и те како играат голема улога,очите,попрецизно погледот,самоуверен и продорен од кој ќе се изгубам..а физички-дечко кој се грижи за своето тело и фигура,боја на очи и коса ирелевантни,иако секогаш "паѓам" на црни момци
Буквално се најпрво убаво да е граден така помаженствен да поседува некојш шарм, убава насмевка убави очи па и устата ако муе така поголемка нема промашај... и секако карактерот.а не кога ќе ја отвори устата и почне да зборува да се покаам што сум го видела -.-