Ја најпрво гледам какви очи има и дали е висок или е низок..Каково тело има (има ли мускили, стомачни ) ..Па потоа како се понаша..Нз тоа..
Пред се го забележувам физичкиот изглед (лице, тело), карактерот, но сепак постои плус некој икс фактор кој е пресуден за привлечноста. Според мене тоа е најважно
Во последно време многу имам заприметено дека сакам машки со негувани дланки да, да добро прочитавте. Обожавам кога ќе допрам машко за дланките и тие се мазни, неискпукани . Јас сум си опседната со рацете, секој ден барем по 3 пари си ставам крем и многу си ги негувам, а ретко е да најдам машко со такви дланки јас како што сакам. Друго, за привлекување мора да има ставено некој добар парфем аууу . Исто не сакам влакнести мажи колку помалце влакна толку подобро. А НАЈМНОГУ ме привлекуваат полни, големи усни шлап
да е висок , ме привлекуваат добро обликувани раце, прво нив ги гледам.. е после уста, заби, очи. и понашањето секако.
Мене кога ќе видам машко со брадичка што убаво му прилега на формата на лицето, а воедно светли очи во комбинација со темна коса ми е доста привлечно. Исто така ме привлекува нежно, а мажествено лице. Ретко да кажам дека ме привлекува машко со добро тело, ако не е во фацата добар, т.е телото не ми игра толкава голема улога колку насмевката или пак бојата на гласот. И да не должам многу ете како приближно изгледаат луѓе кои може дека се каже дека ме привлекуваат. Покрај надворешниот изглед ме привлекува и интелигенција и ако едно машко ја нема или е сведена на минимум колку и да ми се допаѓа ми станува моментално одбивен и никогаш не би можела да гледам празноглав човек како привлечен. Сета таа атракција исчезнува доколку тој според мене привлечен човек не знае да сврзи 2-3 збора. Нормално, има и исклучоци, може да ми биде привлечно и нешто друго сосема спротивно од ова, но сеуште не сум сигурна што точно ме привлекува кај луѓе кои не изгледаат приближно вака.
Од физичкиот изглед прво очите, не за џабе се вели „Очите се огледало на душата“. Сакам да има нежен поглед, но воедно да има и мажественост во него. Потоа насмевката, да се смее од срце, да заведе со нејзе! Големи дланки и уредно-неуредни нокти. Мразам кога ќе видам машко со долги нокти или пак изгрицкани, ми доаѓа рацете да му ги скршам . Постојат ноктарици. Големите дланки имаат предност, бидејќи таквите мажи секогаш даваат најубави прегратки, да се чувстувам заштитено бре! Од карактерот најпрво искреноста. Да кажува се што му лежи на срце, но не до степен на дрскост и да не е некој што ќе зине да лаже. Потоа, да има смисла за хумор, да знае кога и како да се нашали, а не да треска глупости колку да се направи интересен и да привлече внимание.
А ако го запознаеш во зима ?Зарем 1во ке го соблечеш да видиш стомачни .Можеби проверуваш и што има во наследство од дедо му ,каков бастум поседува.Биди сигурна што сакаш ке ти треба на стари годни мора да биде одржуван
Висината (иако за беља во младоста никогаш не сум имала изразито висок,сите биле некако како мене или доволно за да фрлат поглед преку мојата глава),широки рамења,и да мириса примамливо. Хммм а вака кога гледам некои и биле баш неухранети
начинот на размислување ,интелегенцијата и муабетотот ,харизма ,погледот т.е очите , стилот на облекување (спортски ,кежуал - МАНГУПСКИ ) !!! а што не ме привлекува ..паааа бејби фејс ,набилдани мажи ,плави мажи со плави очи . NOT !
Треба да го има она "нешто", некоја хемија. Тоа ме привлекува прво. Потоа треба да има истакнато адамово јаболко, вените на рацете да му се познаваат, бицепс, повисок од мене да е (180-190cm), бекембарди, кратка коса, полна црвена уста, блед тен, фина насмевка..итн.
Ма дајте мислам колку и клише да звучи... па зарем на прв поглед некој ке ве привлече со интелегенцијата? Гледате дечко што поминува на улица и прво го забележувате карактерот така.. Ајде ве молам... секако дека секоја девојка прво што забележува кај машко е надворешниот изглед, како е граден.. како се облекува... а потоа идат другите перформанси Мене лично најмногу ме привлекува насмевката, погледот и начинот на движење, говорот на телото.. да е онака мачо мен Не сакам билдери со бицепс - фотеља.. туку онака широки гради.. не некои слаби како неухранети И потоа карактерно... секако на прво место најмногу ме привлекува да е опшутен, забавен... не да мисли нон стоп што да кажи и да се стега како да е на вечера со кралицата... Јас по природа сум таква, весела зборлеста и не можам да трпам трупови затоа нека се глупира колку што му душа сака.. само да не е досадно И не мора многу романтики да брка, не сакам многу лигушења.. но сепак да знае да направи нешто што би ме разнежнило
Ма дајте мислам колку и клише да звучи... па зарем на прв поглед некој ке ве привлече со интелегенцијата? Гледате дечко што поминува на улица и прво го забележувате карактерот така.. Ајде ве молам... секако дека секоја девојка прво што забележува кај машко е надворешниот изглед, како е граден.. како се облекува... а потоа идат другите перформанси Мене лично најмногу ме привлекува насмевката, погледот и начинот на движење, говорот на телото.. да е онака мачо мен Не сакам билдери со бицепс - фотеља.. туку онака широки гради.. не некои слаби како неухранети И потоа карактерно... секако на прво место најмногу ме привлекува да е опшутен, забавен... не да мисли нон стоп што да кажи и да се стега како да е на состанок со кралицата... Јас по природа сум таква, весела зборлеста и не можам да трпам трупови затоа нека се глупира колку што му душа сака.. само да не е досадно И не мора многу романтики да брка, не сакам многу лигушења.. но сепак да знае да направи нешто што би ме разнежнило