Најпрво ставот шо го зазема, движења и гестикулации ако го посматрам (читај мањачам) од далеку Лепота ми паѓа во очи ама никад не ми била некој битен фактор. Пресудно ми е харизма и интелигенција, (тоа секогаш ги прави луѓето убави) откако веќе сме стигнале до муабет.
Прво јас глеам дали е плав или црн... црните имаат привилегија, после одиме на насмевката и очите (црни ) сакам и тенот да му е темен и по можност да има долга коса И гласот е многу битен.....колку глупаво ти доаѓа кога ќе видиш некој мачо мен а женски пискав глас....цел филм се руши !
Да го има оној длабок поглед оддалеку, а кога ќе го погледнеш од блиску да е нежен. Плав или не, и не е толку битно ама преферирам кафеави со црни очи. Да има широка вилица и брадича ( поубаво, амин!), да е широк во рамењата и да има тртлесто газенце Се разбира, да мириса убаво, да е чист, убаво облечен.
Држењето и одот! Ако видам таков спој неможам да не го заприметам, за мене е тоа многу секси. После следи висината, сакам маж прав, пропорционален и висок, а не кукуле... Наредно е фацата, т.е сакам таинствен поглед, убава уста со насмевка и брадичка рамномерна... За да помине мора да внимава доволно на себе (во рамките на нормала за едно машко), што подразбира задоволување на хигиенски потреби, убав парфем.
Значи многу сте фини и скромни,карактер,насмевка,убави очи итн,браво бе девојки,но незнам дали е баш така.
Абе, аман више Витомир, досади и Богу и народу со ова твое мрчење. Претпоставувам по стоти пат низ форумов мислеше на тоа дека повеќето жени трчаат по пари. А од друга страна пак, толку често ги спомнуваш низ форумот што не знам колку тебе не те привлекуваат кај девојка. Убаво ти рече XMan еднаш, штом само на нив налетуваш, веројатно е до местото на искачање или пак до твоето однесување кон нив. Ако вака и на состанок им збориш за трчање по пари, ова, она, рачунај од една страна ко магнет ги лепиш тие на кои баш им е тоа намерата до тебе, а ги одбиваш другите кои ги интересираат други работи затоа што жена која цени карактер и личност кај машко, не обожава некој нон стоп да и' збори за пари. Мене ме одбиваат луѓе кои се опседнати со пари, небитно дали ги имале или немале, а не е исклучок да биде богат, но едноставен, т.е. да не се опседнува толку со тоа што го има и да има и други квалитети.
Реалноста е поинаква од тука на форумов како некои девојки се преставуваат,и лично имам слушна од други девојки дека не им е битна толку убавина на некој дечко,добро сега да не биде некој ропак,ете нека биде просек,туку побитно им е да има кола,пари,за да може да се шета по ресторани,одмори итн,и самите кажуваат секој има пенис,но секој нема пари.поздрав
Знаеш како викаат „Човек не може да си го одбере семејството, но пријателите може.“ Како во последно време јас не сум слушнала такво нешто ни од машко, ни од женско. Крајно време е да го промениш кругот на пријатели. Тогаш можеби ќе поверуваш дека не сите трчаат по мажи со пари. Еве јас пример, ако сакам пари, ќе се помачам и ќе ги заработам. На печалба ќе одам ако треба. Најмалку ми е привлечно некој мрсулко, од вчера покондирена тиква да се удира во гради дека заради него така се облекувам/таму и таму излегувам и сл. Ама постојат многу мажи (тоа е факт) што ја користат изјавава „жените трчаат само по пари“ за да на некој начин, си ја оправдаат скржавоста пред девојката. Тогаш веќе не станува збор за материјализам, туку за невнимание. Пример, јас не би можела да бидам со некој кој ми се фали како си купува најскапи парфеми, гардероба и слично, а за едно кафе од 60 денари шо ме почастил, да ме збори низ Скопје. И тоа не значи дека сум материјалистка.
Ке бидеме оф топик,но не реков јас дека сите се материјалиски,туку ги има многу низ градов,но ова е веќе друга тема,никогаш не сум дозволил да ме части девојка ми ниту пак да зборам за тоа,тоа ми е многу неиживеано,и се согласувам со тебе за доста работи,но факт е дека денес е такво времето све се гледа кон призма на матријалното,не само за дечко и девојка туку општо зборам,све е некаков интерес.поздрав и не се нервирај,нема повеќе да мрчам ова.
па нормално на прв поглед оЧи,насмевка,коса,тело... али она најбитното е после првиот поглед...т..е.....неговото однесување,карактер,и сто всуснот е он...