Шарм дефинитивно може да ме освои, самоуверени, нормално тело и фаца гледам сакам цврсто тело но не пренабилдано, висок али средно висок не премногу, смеѓи најчесто
Ме привлекува интелект и самоувереност. Сакам директни мажи кои имаат цврсти ставови и го кажуваат тоа што го мислат. Поважно ми е да е добар оратор отколку да има тело како Метју Меконахи.
Очите, смислата за хумор, интелегенцијата, самоувереност ама не до тој степен да не слуша никој друг и начинот на комуникација со околината.
Мене фетиш ми се сини очи. Прво погледот ми паѓа на очите , па на усните и на телото. не сакам многу полни ама не и многу слаби, средно
Сум пишала нешто претходно, сега настрана од физичкиот изглед: Да има смисла за хумор, сакам забавни разговори. Од тука произлегува да знае и да се насмевне на твоите шеги, а не да се труди неговото да биде последно и посмешно. Тука спаѓа и кога се изјаснуваш нешто да знае да те ислуша, а не само што си завршила да почне: А јас.... Нема потреба од многу истакнување. Мене барем повеќе ме привлекуваат оние што и би признале некој засрамувачки момент, откако нон стоп да дрдорат дека се најдобри, дека никој ништо не им може и слични глупости.
Па ретко да ми се свиѓа некое машко.Сакам да биде згоден,да знае да ме насмее,да знае да ме ислуша кога ми е тешко,да ме подржува,карактерот и пред се да биде паметен-Карактеристики што мојот дечко ги поседува.Паметен,не во смисла да биде бубалица,туку да размислува зрело.Кај мојот дечко се ме привлекува.И само и само тој ме привлекува.Никој друг ! Со секој ден го сакам се повеќе и повеќе. Со секој ден се заљубувам повторно во него !!!