Ме привлекува карактерот пред се , а потоа се јавува стилот на облекување , на размислување , смислата за хумор , тоа како се однесува кон мене ..
Шармот и начинот на пристап кон девојките..секако и изгледот ми е битен..исто така битно е и да знае да ме раположи и насмее ..
Хм што знам, секој маж си е своја приказна,такада кај разли4ни мажи ме привлекуваат различни ствари.Како и да е највеке ми се допаѓаат мажи со широки гради и рамена...зна4и тоа е кога е во прашање физи4киот изглед.А на карактер сигурно некој со гооолллееемммааа смисла за хумор како мене Да знае да ми биде и пријател да ме по4итува,сака,цени..
Згоден ,фин и симпатичен да не е проблематичен секако и романтичен !! Па и не е толку битен изгледот колку што е погледот ! Да ми пружа рака и да не му биде мака што мене ме сака! Малку рима
Маж за да ме прилеч пред се треба да е елоквентен и добар оратор тоа е она на прв поглед што ме привлекува а потоа секако треба да биде и добар љубоник. Првото ми е битно за да можам со него да излезам во елитно друштво и да не се срамам бидејки незнае да бекне или тресе само глупости. А она фторото е за мое лично задоволство бидејки сексуално незадоволна жена е темпирана бомба.
Остави го ,,елитното друштво,, на страна...Друштвото ќе дојде и ќе си отиде А, елоквентен и добар оратор, по дифолт асоцира на интелектуалец, нели? Е, таков мила моја, бара соодветна партнерка, која патем, треба да го владее и македонскиот правопис, а богами и да не ,,пати,, од комплекси за ,,елитно,, друштво. Во спротивно, ова ФТОРОВО , т.е. секс нема ни да го има! Зошто, и интелектуално незадоволен маж знае да биде темпирана бомба!
На прв поглед физичкиот изглед,ставот и насмевката, а секако потоа многу поголема улога има карактерот и однесувањето
Висината околу 180 + добро градено тело + соодветно искомбинирана облека = Совршенство Да, секако дека ми е важно да се однесува културно, да не ми се прави некој мангуп (ми делува многу детски и незрело) и да не е некој кој незнае 1 реченица да состави... Ама сум скромна...
паа да е така висок,да има добра насмевка, очи, да има стомачни ама да не е таков билдер некој со мускули ова она да знае добро да се однесува спрема женско да не е некој фраер
насмевката дефинитивно.. најмногу она кога ќе се насмевне со полуотворена уста, се топам а во врска со карактерот обожавам шеговити, да знаат да ме насмевнат. не сум по романтика тоа ме асоцира на недоволна машкост..
Воздржаност и сериозност. Многу ми асоцираат на мажественост. Да не се лигават и одговараат на секоја провокација, if you know what I mean. Таквите ми се исти како девојките што се радуваат на секое „шц мала“.
Од физички изглед ме привлекува брада кај машко. Ама она баш обожавам и ми е многу секси. Друго сакам машки со нормална тежина. Значи преслаби или дебели ми се АУТ. Од карактерни особини сакам искреност и интелегенција. Скромна сум
Дечко ми е чиста спротивност на тоа што претходно го сметав за атрактивно - црн со темни очи. Карактерно сакам смирени и воздржани. Хиперактивни ми се напорни на долги стази, со оглед на мојата природа.