Едно сакам, друго фаќам. Крај да се немало - Темна коса, блед тен, малце брадуле (не многу, туку онака да се познава убо ), очи се прифаќаат сите, да биди висок (затоа можеби бишвиот беше две глави над мене ... ). Од карактер ... па сакам доста работи, а барам сепак само малце - Сакам внимание, рака на срце, не премногу ама доволно. Сакам кога неморам со него да зборам „леле колку те сакам“, „леле ти си ми животот“ туку да имам онака пријателски разговор. Другото е до него, неможам да бирам дали ќе биди внимателен или не, дали ќе биди груб или нежен, сите си имаме моменти и некогаш сме сите тие работи шо ќе речиме дека не сме, тоа го оставам на него
Годините. Шала на страна, ама веќе некое време патам од Лолита синдром. Секој маж што ми го привлекол вниманието е +8 години постар од мене. Ме привлекуваат таинствени, мистични мажи. Да зборува малку и со доза на воздржаност. Продорен поглед и темни очи. Брада од недела дена и густа коса. И висина, накај 180cm. Скромно де.
Како прво Карактерот - да е искрен, добар, чесен, да знае да сака и да почитува, да не потпаѓа под туѓо влијание, да е скромен. Како второ Изгледот - да е убав, да не е дебел, да има убава насмевка и убави очи. И како трето - да е спортист, да не пуши и да не пие многу алкохол. Не барам многу нели?
со поглед ако не ме привлечи (онаков поглед мистичен продорен онака да те занеми) и со глас (машки, груб, мрачен хххх) џабе му е се бтв: да е висок, црн, да знај машки да гушни, и асолен муабет да напрај
Висок со црна коса и очи потоа , да биде пристоен ,да знаее да сврзува реченици бре , не само отвори уста да те срами , џабе и лепота и се , да знае да ме расположи , да ме гушне , да ме гледа во очи кога ми зборува .. а да ме сака ? ххххммм не знам за ова , некогаш љубовта е само илузија понекогаш, човек става добри маски и ќе те лаже дека те сака , ма не фала подобро почитувај ме како единка покрај себе само не ме лажи дека ме сакаш до мојот ИДЕН
Зборејќи физички, ме привлекуваат машки со убав од. Можда смешно, али мене ми е стварно тужно на душава кога ќе видам симпатичен дечко што оди како штотуку да извршил голема нужда во фармерките, па не може да направи убав чекор и згазне стабилно на земја. (Пардон за описов, али баш така ми изгледаат ) Сакам мажи со брада и убава насмевка. Очи боја мање битно, јас имам убави очи и за двајцата. (Се шалам, муабетов ми беше да не искочам многу захтевна). Иначе карактерно ништо не ме привлекува повеќе од независен маж кој знае што сака во животот. Некој што ќе ме води, што ќе ми биде мотивација за секогаш да го давам максимумот од себе, што ќе ме смее (сум приметила и дека можам и во прасе да се заљубам ако ме смее) што значи пред се` смисла за хумор - задолжителна. И ондак то, другото мање битно.
Дефинитно прво паѓам на убава боја на очи плави/зелени слабост ми се проклети се. Потоа шарм, харизма, смисла за хумор ( да ми ги сфаќа вицеви,шали,глупости) и најбитно отворен човек, мудар, некој кој ќе ме води низ животот, искусен, паметен. Абе треба да го донесам бившиот па да сфатите џабе се мачам да пишувам.
Долга коса! Тоа е прво нешто што забележувам, штом помине некој таков, морам да погледнам, па и да се свртам ако треба.
Висок (кремаст тен) згоден забавен,убава насмевка убав поглед,да ме почитува да биде до мене,да смислува каде да одиме да ме изненади пријатно со вечера или ручек да ми купи нешто да се грижи за мене,да биде забавен,да е човек од збор,да работи чесно,да има круг на пријатели, е да го има сето овоа ЖИВОТ ДАВАМ БЕ!!!
Абе и да е совршено облечен, со тетоважи, мускулест, со брадичка така малце, црно око и јебизовен осмех , ако е глуп, без култура и се пушта на све живо и диво - нече мочи ове ночи.