Тазе во врска. Почнавме да се упознаваме и опуштаме еден пред друг со своите мани. Седиме еден ден кај мене. Таа лежи на стомак, а јас одозгора ја масирам, ама едно време ме фати крчење на стомакот. Таа се врти кон мене и ми вика: Ебати дали ти тоа на мене ми се испрде на грбот! Кој фрик беше типката
Ставот, држењето на телото. Сакам кога машко може да емитира сексуална енергија преку одот, преку зборот. Ужасно многу ме привлекува кога знае да ти сврти два-три реда муабет и да држи ниво на конверзација. Ако збориме за физички изглед, онда брада на добра фаца , силни дланки, големи (Не ради тоа ако се дланките големи, ќе биде и она другото), висината исто, сразмерноста на телото, косата . Ма бре, мене све ме привлекуе кај машко
Малите работи и ситниците многу ми значат. Тоа ми го задржува вниманието и ме интригира. Сето зачинето со интелект и харизма. Физичкиот изглед воопшто не го коментирам (не дека не е важен, сите сме со различни вкусови, но тоа е секундарно и пролазно, јас се држам до перманентноста).
Висина, градба, осмех, раце (да нема помали дланки од мене ), и најбитно од се - харизма. На говор да е посилен од мене да знае да ми одговори на се. Еднаш да чујам - не знам, пиши пропало. Да не знаеш на 19, 20 ајде де. Ама 30+ ако не знаеш стој на страна од мене..
Купи си робот од Јапонија. Тие никогаш нема да ти одговорат со "не знам". А од маж, тоа секогаш и од секој ќе го слушнеш. Не знам какви ти се овие барања од нас...многу го преценуваш машкиот род. Не сме толку многу паметни колку што имаш замислено.
Не ми треба робот, имам човек кој што не знам не му е секој втор збор кога се работи за битни прашања во животот. И јас не знам какви сте ВИЕ тоа мажи што го користите тој збор.. Може за вас треба жена од Јапонија
Такви сме. Не сме совршени ние другите. Можеби твојот е совршен. И ние од жените очекуваме многу работи, па не ги добиваме. Нема совршени според мене, ама ете, се нашол некој што бил.
Збориш со жени кои веќе нашле маж. Значи ваљда им ги исполнил критериумите. Сѐ си мислам дека вие не сте спремни да работите на себе и после жените ви се криви што многу пребирале и го преценувале машкиот род.