1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што најмногу ви боде очи кај некои членки/ови во одредени теми?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Daleron, 3 ноември 2014.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Мене најповеќе што ми боди очи е тоа што,кога во одредена тема се коментира за нешто и некој не се согласува со мнозинството што е и логично неможиме сите да имаме исто сваќање и размислување и одма една по друга на членката се нафрлуват па тоа навреди,препирки презборвања мислам катастрофа... Боже мој зошто е форумот за секој да си го кажи своето мислење и искуство ако некој не се согласува немора одма тоа да се цитира со секакви погрдни зборови...
     
    На Emily Dora, MiaNmaR, Summerlover и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Во одредени теми место да се пишува за некое искуство членовите преминуваат во долгометражни дискусии на лични ставови и препирки па така темата си ја губи суштината. Има теми во кафе муабети и таму нека се испукаат а во конкретните теми да се задржиме на она што треба да го кажеме, еднаш два пати и доста е. Да не вртиме едни исти муабети во различни верзии со цел да се докажеме.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Е мене ме нервира тоа што во која било тема што сум ја отворила обавезно мора некој да се испокара, се напаѓаат едни со други, па и дури и се навредуваат. Ако знаш да одговориш, да искоментираш, пиши си го твоето мислење и чао пријатно, а не ако не им се допаѓа претходното мислење па одма да се напаѓа, и на некои теми сум видела дека мислењата немат врска со темата па не потсетувам или коментирам на истата, само си пишам мое мислење и идемо далје..... Членката нема да ја именувам, на секоја тема ја има, и пишува оф-топици и секако тие нејзини коментари се напад на некој што си пишал мислење.... стварно ме провоцира ,ако сакам можам да ја изпиздарам, ама ете не правам проблеми по темиве, можам да и пишам порака и никому ништо....
     
    На Elissa, macka91 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  4. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Најмногу ми боди очи кога ќе видам членка на моја возраст да дава критики во темата Модни критики(за не толку храбри феминки). Е тогаш збеснувам(wtf)
     
  5. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Најмногу ме иритира иронијата на некои членки и упорното пишување во одредена за нив "несфатлива" тема и зезајќи ги и омаложувајќи ги феминките кои побарале совет. Постојат теми и мислења со кои и јас не се согласувам, но сепак ги игнорирам истите. Нема потреба од иронии, не има многу на форумот, со различни карактери и ставови, но за жал тоа е тој Балкански менталитет.
     
    Последна измена: 6 ноември 2014
    На galapce, Goticarka и ivence69 им се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    А шо е важно шо ни боди очи? Демек нешто ќе се смени ако кажите... Ако не му чини на некој форумот и ако го нервира, слободно можи да не го отвора.
     
    На atala, LittleFairy и DeepBlue им се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bernadett

    bernadett Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Тоа што некои членки го користат форумот за лечење на фрустрации и солење памет, а не за добронамерни дискусии
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. haveasweetdream

    haveasweetdream Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Значи мене лично најмногу од се ми смета осудувањето. Разбирам, форум е и секој има право да го кажи своето мислење, и не значи дека сите мора да се сложиме со истото ама нели мислите дека некогаш во одредени ситуации многу се претерува со напаѓање и осудување на некој кој само побарал совет? Форумот е да си помогнеме едни на други, некогаш и да си ги отвориме очите со некој погруб пост, ама има членови кои постојано навредуваат, се потсмеваат и пребрзо донесуваат заклучоци за животот на некој кој воопшто не го ни познаваат. Реално колку би можеле да согледаме нечиј проблем од само неколку реченици? поготово во темата за љубовни проблеми каде секој втор пост гласи " скарај му се" или "како можеш да бидеш со некој како него"... (пример)
    Значи мора да го имаме во предвид тоа што кога некој го пишува својот проблем во тој момент најчесто е премногу чувствителен,раздразлив,нервозен и тоа го прави од своја гледна точка, што не значи дека е точно и дека е во право. Можеби кога би ја слушнале и другата страна работите би испаднале сосема поинакви...
    А во други ситуации, како онаа со дани1(што посебно ме изиритира и ја наведувам како пример), девојчето кажува дека има слободно време кое можи да си дозволи да го користи за грижа за својот изглед, и сите одма ја напаѓаат,каде тоа (во бордел?) посветувала цело работно време на изгледот, ништо друго освен тоа не знаела, ги трошела парите за погрешни работи и што уште не... мислам стварно....нема смисла..
    Ова беше само еден пример од многуте па се надевам дека во иднина ке биде подобро ...(fingers)
     
    На LittlePinky, Sunflowers и Daleron им се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Убаво ќе беше сега освен што обрнаа внимание на изгледот на форумот, да се погрижат и за проблемите во него, пошто навредите не се дозволени и би требало да има санкции за нив од модераторите. Можите за тоа да се пожалите или да пријавите мислење, наместо само вакви теми.
     
    На atala, galapce, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Некои членки буквално не ги читам. Онака, ги прерипувам зашто толку многу ме иритира стилот на кој пишуваат. Дури, ако не забележам и прво почнам да читам, после три збора сфаќам дека е една од нив и панично скролам надоле.

    Муабетите во СДК исто така ги прескокнувам и секогаш знам кога некоја членка ќе напише нешто, дека после 3-4 постови максимум има одговор од друга членка. Нема утка. Само прескокнувам.
    :toivo:
     
    На Dream-Girl, Hipster, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Се случува нечиј пост негативно да ме протресе и обично премолчувам.И за среќа бргу ми поминува е сега ако не навреди лично тогаш ги вадам канџите.Што знам па и не приметувам дека некоја особено ме нервира па да не и ги читам постовите или не дај боже ако 9 поста не ми се допаѓаат на 10-от да не дадам ѕвездичка ако заслужува ,барем според некој мој критериум.
    Она што приметив е дека еден лајк може да го смени односот на феминката спрема тебе.:D
    Интересна појава.:P
     
    На tessie, L.i.n.a.a, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Мене верувале или не ништо не ми боде очи.
    Секој има ум и разум а како ќе го употреби негово право.Не е мое да му судам по неколку напишани редови.
    Си идам, си ги барам моите омилени, си ги читам и удурам тоа лајкот ако ми се допаѓа.
    Е, сега од лајк не се живее ама да си знаете дека ми се допаѓа бе
    Инаку читам многу членови така набрзина.Од двата пола.
    Како што крадам слободно време така набрзина и прочукувам нешто
    Не сум некој јак форумски лик но знам да го иступам и можно е некој да превртува очи од мене:D
    Ама ако и тоа за луѓе е. За стилот не би зборувала исто како и облеката што не го прави човекот човек
    ако душа му е трула, дволична и злобна.Место за дружба.
    Теми во кои има разни мислења, понекоја кавга, зафрканција...
    Како што сите прсти на раката не се исти така и членовите не се исти.
    Ако не ти се допаѓа нечив начин на изразување (продужи даље), орден и плата нема, за диоптер кај лекар.
    Ај го иступив пак:D
     
    На bittersweet, duffi, zalosna и 11 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Генерално, се` повеќе и повеќе ми се допаѓала дружбата тука. Нешто што ме нервира она ептен, нема. Некои работи така... не ми се многу јасни.

    1. Не ми е јасна дискриминацијата низ темите. Од типот на „шо пишуваш тука немаш такво конкретно искуство/имаш толку години/не си мајка/не си невеста/не си женско/не си машко.“ Знаете кое е искуството на набљудувач на одредена ситуација? Дека не е ништо помалку вредно од она на паталецот. Има можеби недоследности, но знаете дека некогаш од страна луѓето многу појасно гледаат што ти се случува одошто си самиот ти свесен? Јас напротив, се радувам кога читам искуства од различни агли, тоа повеќе овозможува да се состави сложувалката и да се реши одреден проблем. :) Но, далеку дека ме нервира или нешто посебно боде очи, ете сум забележала и мислам дека нема основ за истото.

    2. Исто така, повремено забележувам коментари во стил „ти самиот/самата си се среди па даваш совети“. А зошто да не? Нашите искуства ако не не` научиле како треба, сигурно не` научиле како не треба. Така што, сечиј агол на перцепција би требало да биде добредојден. Нормално, без одење во екстремности. Во главно, ми се допаѓа насоката во којашто одат дискусиите.

    3. Терање инает и пребирање какви совети може да се даваат. Исто не ми е во ред. Упорно си е кажувано илјада пати, ако сакаш само да се испукаш, има соодветни теми.

    Другото ми е океј, во рамките на човечки несовршеното, ПМС и остала мафија и трпиме и не` трпат :rofl: и ондак то.
     
    На Dream-Girl, galapce, Salome и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Озбилна мор, па си у право :D така си е, не може сите луѓе исти да бидат, таман работа.Убо си кажа мор, не го иступи, у право си, небаре па мора се да се чита :D
     
    На Elissa, zalosna, ozbilnazena и 2 други им се допаѓа ова.
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Да ми боде очи - не, научив да филтрирам што не ми се допаѓа.

    Ама, има неколку работи што ми се смешни и/или контрадикторни.

    1. Тип „Лелееее, колку се замараш па ти, форум е“, кој потоа низ три докторати ти објаснува зашто тие се во право и ти не треба да се замараш. ^_^

    2. Оние ловци на киксови што само демнат да фатат некого во теснец.
    - Аха, сега си ставила слика од тањир грав, а на 27ми арил 2010 си пишала дека не јадеш тоа.
    (facepalm)|(

    Шерлок, еј!
    И демек другиов се прави тоа што не е, не дека во меѓувреме можеби пројал грав.
    Жив пример е кога ќе се прочитам како сум изигравала многу досетлива и јас во темана за бременост.
    Голем Тасе, еј. Сега ми е толку глупаво тоа, што ми иде еден бокс наопачки тука да си треснам, па да ме преврти. Сосема непотребно лупетање.

    3. Формирање омраза/симпатија/групи базирано на (не)согласување во една тема.
    Ако во една тема си се поткачил со некого, вечни непријатели сте и пожелно е крстена вода да си носите со себе ако сакате да пишете онаму кај што ги има другиве.
    Абе, ако во едно не сме се сложиле, не значи дека на друга тема нема прва да рипнам да те бранам ако сметам дека си во право. И не е тоа никакво лицемерие или лижење газ, побогу...што не навраќа на тоа дека ова е анонимен форум, а зад екран и Елизабета Втора може да биде и да прави сѐ спротивно од она што го пишува, ама тоа ништо не менува откако човек ќе се одлогира.

    Е, да, и погоре Луничка што спомнала со лајковите. Чудо е како влијаат. Сакал-неќел, се приметува.
    - Јаааа, тој/таа мене не ми лајкнува, нема ни јас. Мислиш медаљата со китенки те чека. :wasntme:
    После случајно си им лајкнал (глуп збор, али ај) и се менува мислењето - Ееј, па не бил членов толку лош...и гледаш те испоспамале после со 200 лајкови на мислења од '45та...кои после ќе ги тргнат ако не им вратиш. :rofl:
    И пак идеме до точка 1 - ти објаснува зашто (не треба да) се замараш. :D

    Али, 'беш му матер...:D
     
    Последна измена: 10 ноември 2014
    На sugarlips, Dream-Girl, galapce и 21 други им се допаѓа ова.
  17. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Не дека се замарам со форумџии, ама нели сами сте го барале со темава, а јас имам слободно време, ќе пишам.
    Ми пречи тоа што некои членки си мислат дека форумот треба да биде полн виножитца, пеперутки и цвеќенца, у свету постоји једно царство, у њему царује другарство и секој кој не шири позитива за тие да се чувствуваат поубаво е еретик. Не, форум е првенствено место за дискусии, размена на мислења и идеи по различни прашања, а за тоа што вие сакате, по цел ден да се дружите, поздравувате и лајкнувате, би требало да имате други веб адреси предвид. Но тоа е тоа. Го истераа своето и форумот не личи на форум одредени периоди зашто темите кои ним не им се интересни (а служат за дискусија) најголем дел од времето фаќаат прашина.
    Понатаму, една група членови, инаку константно си се лигават во СП и оттаму се знаат (нема ден да не се на таа тема и секој втор, ако не понекогаш и секој поздрав е на некој од нив)...сеа, кои се, ќе се препознаат... во секоја божја тема каде ќе прочитам дека еден од нив се срчкал со некого, му доаѓаат другарчињата со лајкчињата (дали еден, двајца, повеќе, небитно), се поддржуваат и креваат галама... Добро, нели се свесни како изгледа тоа отстрана... бог да чува, возрасни членови како дечиња во забавиште. И откако ќе завршат со сатанизирање на „противникот“ обично се случува да ја претворат темата во лична дописка, кафе-муабет, како да нема соодветни катчиња на форумот и за тоа -.- . Да не испадне од лични мотиви пишувам, нема врска, не сум имала расправија со ниту еден од нив зашто различни ни се темите за кои имаме интерес и на кои „се движиме“, ама кога ќе зачитам онака од занимација некоја тема ова е тоа што страшно ми боде очи. И истите тие ако се најдат на некоја тема со дијаметрално спротивни ставови, едниот потоа ќе го релативизира начинот на кој го искажал сопственото мислење, ќе го ублажи, па ќе врти одоколу, за на крај да дојдат на истото, нели како прави форумски сродни душички. По ѓаволите, многу ценам искреност и директност, и сега дојде време на анонимен форум некој да се умилкува и да нема свое јас, небаре ако не го прави тоа, ќе изгуби работно место за кое не е сигурен дека ги има квалитетите. Овде, на форум. У-дав.
    И така, сега по ова ќе ме мразат :D
     
    На crimson, Summerlover, duffi и 11 други им се допаѓа ова.
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Ne mi bode oci, ama pa epten site se sovrseni tuka na forumo. Aj barem tuka neka e se rozevo.
     
    На makedonkamak и okcenzi им се допаѓа ова.
  19. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    ми боде очи кога во темата Сакам да кажам се прави копи паст на нечиј статус или твит кој е општо познат. Во ред е да го направиш еднаш два пати ама само да пишуваш во оваа тема и постојано да го правиш истото е too much. Па така нема да најдеш ниту еден негов личен став. Се се тоа пораки кои се општоприфатени помеѓу народот само со цел да се добијат лајкови.
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Штознам... не се замарам.
    Ниту гледам кој на кого лајкчиња стиска, кој со кој се поздравува, тоа СП не ни отварам ако не ми стигне нотификација па да му се заблагодарам со лајкче на тој што се сетил да ме поздрави.
    Кога имам време читам се, и глупо и паметно убаво е да се прочита се, ако не друго ќе си се посмееш. Не ни памтам со кого сум се „скарала„ или кој ми стиска лајкови, па да се фрлам во акција да му враќам со иста мерка. Се што ми се допаѓа и членови кои ми го привлекуваат вниманието си ги читам, а со другите не се замарам, не ми ни сметаат. Постои копче за тие што ви бодат очи.
    Да се вратам на темава, кога би морала да кажам нешто, а не кој на фоумов ми боде очи, ајде така да кажеме, кога си дискутираш најнормално и некој ќе се избаци дека се караш , не, не се караме, на форум се дискутира, не се кара. Е тоа некој дефинитивно треба да си го разгранички, секое спортивно мислење не е карање.

    На крај па ако некој толку ми смета и му боде очи ќе му пишам лично и крај на муабетот. :)
     
    На barbiegirl.24, Artemission, Captain-Omni и 2 други им се допаѓа ова.