Форумов не го сфаќам многу сериозно, си пишувам во лабавите теми и не се трудам баш да се истакнам или некому да му се допаднам. Нешто што ми “боде” очи е тоа што некои членки форумов го гледаат како инстаграм, па си ставаат слики во тема за модни критики на пример, а воопшто не очекуваат да добијат негативна критика и бурно реагираат на неа. Ставаат слики со лош квалитет каде што ништо не се гледа, па следи долго дообјаснување на сликата и опис на парчињата што не се сликани, а се дел од комбинацијата. Доколку некој стави на пример лоша шминка, се чека една да искоментира и да се нафрлат уште 10 други, а притоа ништо конструктивно не се коментира. Интерни шали и поздравчиња на секој чекор, пошто нели нема приватни пораки. Како инаку другите ќе знаат дека сме бфф (бест форумс фредс ). Пишување секакви гадости за приватниот живот на нашите тн јавни фаци без тронка емпатија и осет за приватност.
Најмногу ми бодат очи членови кои не знаат за правопис и кирилица. Најпрво не може во 21 век да не знаеш за спејс после запирка, точка или не знам, не можам, сѐ уште да ги пишуваш заедно. Па уште тоа во комбинација со латиница и по еден емотикон на секој збор, евентуално реченица - да полудиш. Ме иритираат членки кои носат маски на себе, се прават добри души демек они се секогаш тука за тебе, а не те ни познаваат. А уште и пораки ти праќаат. Па после нив доаѓаат тие кои буквално тресат глупости по форумов или цитираат сФе живо и диво само за лајк. Исто и тие кои на пример сум ги заследила, ама откако сум ги изанализирала сфаќам дека не се воопшто тој тип на луѓе за кои сум изградила психичка и физичка слика и по одредено време ги отследувам што е нормално, па за „одмазда“ истото и тебе ти го прават. А ги гледаш возрасни луѓе со изградени ставови. Свашта. Ми бодат очи тие кои постојано филозофираат на одредени теми, а не кажуваат буквално ништо. Значи океј е да филозофираш (и јас тоа го правам), ама до одредена мера, а не тоа да иде до бескрај. И да не ги заборавам членовите кои се обидуваат да ме навредат или да ми плеснат нешто на индиректен начин. Таков пример имав со една членка која коментираше на темата „Која е најмрзеливата работа којашто сте ја направиле“. Или па примерот со две членки коишто одма почнаа со тоа сељачкото осудување во тема „Невкусно и недолично облекување“ за како ние останативе сметаме дека на една мајка (или постара жена) не ѝ доликува длабоко деколте и минич, итн. Не мразам никого, меѓутоа сите овие горнонаведени типови на луѓе ми создаваат одбивност и нивната енергија се чувствува преку екран, така да ги ставам на игнор.
Има многу... Денес, овој Форум е унакажан до некаде. Не е тоа што беше пред некоја година, ниту кога се зачленив. Се дебатираше без умилкувања и тапкања по рамо ( лажно). Можеше да прочиташ совет кој вредеше, не беше падни- стани муабет. Не беа сите сезнајковци на сите можно теми. Не се глумеше лудило и кој повеќе е побогат и паѓање во транс. Кога ќе видам што оговарање има по некои теми, од мравка - слон се прави, се измислув итн можам да замислам во реален живот што точно ги храни. Има многу светски, праведни и најкултурни особи што унапред знаат дали ќе го дојат детето или пак не, само зошто наводно болело( така слушнале) . А, од рекла- кажала не се живее, треба да скокнеш прво , па да кажеш- Оп. За вакцини темата ми се смачено да отворам , а сакам нешто корисно да прочитам, не можам. Се влијае на психата кај родтелите. Осет се нема. Кога прочитав дека под сугестија на членка одлучил некој да не вакцинира Значи, срамота. На толку доктори... Во модни критики на одредена членка и замериле оти носела се старо( јас не прочитав, но членката имаше пишано)... што да кажеш??? Милион примери има од понов датум како погорните. Толку е квалитетот, тука.
Недоследност. Во една тема се пишува едно, во друга се побива претходното мислење. На пример, "многу либерални" членки сум сретнала со крајно конзервативни сфаќања и предрасуди во други теми. Или во една тема се истакнува сиромаштија, а во друга се гледа една поинаква стана на "сиромаштијата". Во една тема парите се најважни, во друга клучот на среќата лежи во нематеријалните работи...
Да се надоврзам, затоа што заборавив истово да го пишам кај мене. Се согласувам дека боде очи. Затоа е Фемина Форум.
This Не сфаќам како некои имаат нерви и време да се расправаат по форуми. Па дури и навреди да фрчат Take a chill pill
Ме иритираат членови кој што,кога во одредена тема ке прашаш нешто па иронично ти одговараат на дрзок начин ко да си ги фатил за гуша да ти дадат баш они одговор на прашањето од 1000 зачленати овде....И кога во некоја тема има дебата и од дебата преминува во караница кој кому ќе навреди повеќе и тоа на ироничен начин.Демек јас се знам па мора моето мислење да го прифатите сите.И со глава у зид ко светот да се врти околу него или е којзнае што овде...Па ќе почне и со лажи да се служи само за да не отстапи од неговото,а сигурна сум дека веќе и знае дека другиот е во право ама нели како ќе биде центар пажња у темата.Демек ние што читаме ќе му аплаудираме,што е дрзок до безобразност.....И мразам членови со лажни профили.Што се овде само за лајк да добијат.И демек на сликите се они а уствари на сите слики се различни девојчиња...
Немам потреба да го проценам бидејќи едноставно не ме интересира. Не гледам поента да ме интересира, форумов е катче каде можеме да се искажеме, некој совет да дадеме и тоа е. Бидејќи е анонимен не мора да значи дека некој член го пишува тоа што го мисли. Не можеш да знаеш. Мене никогаш не ме интересирало нешто за некој член, ниту пак да копам кој е кој.
Група од 3-4 психо членки минатата година се договараа да ме разоткријат кој сум, претпоставуваа дека сум имал уште еден профил. Сеуште чекам да ме разоткријат. Ете до таму оди простотилукот.
Најмногу ми пречат искомплексирани, нестабилни и деструктивни членови, кои цитираат други членови само за да лечат комплекси, а притоа не знаат ништо паметно да напишат. Иритираат либералките според нив се е дозволено и прифатиливо, а кога ќе им се пише прашањето зошто они тоа не го применуваат? Веднаш се повлекуваат. Иритира оговарањето по чет. Немаат храброст јавно да пишат што мислат за членовите, па мора да се кријат на четот и да оговараат. Иритира што членовите кодошат и постојано бараат да се банираат членови кои поинаку размислуваат од нив, Иритира што е дозволено во темата религија да се пишува се и сешто за православието.
Боди во очи што одредени членови не можат да сфатат дека само зошто некој поддржува слободен избор не значи дека нема свои принципи на живеење, додека во исто време не суди некој друг. Едноставно е, ако јас сметам дека за нешто има три прифатливи опции, не можам физички да ги извршам трите (ако пример поддржувам хомосексуални врски, а јас не сум хомосексуалец - не можам да исполнам тоа иако сметам дека не се лоши, напротив, љубов не можи да биди лоша). Само апстрактен пример на кој ме мотивира мислењето на @carangigia сепак не се однесува на тебе туку едноставно ми текна на неколку ситуации кога го прочитав тој дел од твоето мислење. Се надевам нема лутиш за ознакава. Реално, дури и престрог збор е да се кажи дека ми боди очи тоа. Кај мене е нештото или забава или здрава дискусија. Ретко се случува нешто на форумов да ме испровоцира воопшто, а не пак толку многу, за да би ми бодело очи.
Најмногу ми боди очи што не се реални и што се прават светици неколку членки на форумот. За сите други испади, арогантно понашање, умилкување, тапкање по рамо ок е тоа, сите сме различни, секој нека си тера со свој став , оправдано е да постојат такви реакции, па живи луѓе сме