Мене ми пречи постојан негативизам и хејт кон се што мрда. Уште пред да го видам никот, по прочитаното мислење знам за кои членки станува збор. Си мислам зар е можно да имаат толку горчина во себе, ги усреќува ли нешто воопшто? И исто на нерви ми оди постојаното истакнување... сепак е форум, ова тука е нереален свет и не ја сфаќам потребата да оформиш добро мислење и впечаток кај луѓе кои не знаеш ни како изгледаат.
Мене ми боде очи што оние кои се модератори, стари членови и имаат милион мислења можат комотно да вреѓаат, а никој да не ги санкционира.... И реално кога ќе видам дека се бришат постови за глупост наспроти ова, каде фрчат навреди, погрдни зборови, ми се гади. Мислења има еден куп, како и членови, со различно размислување секако, со некој нема да се сложиш и ќе влезеш во дебата и убедување и докажување и се е тоа ок, додека не почнат навреди. Ете само тоа мо смета.
Над опцијата Ми се допаѓа имаш и опција Пријави. Ако ти смета нешто пријави не е туку-така ставено тоа.Или пак стави на Игнор
За членство од неполн месец, веќе некој и нешто те боде во очи? Не е нова појавата на реинкарнација на форумски членови во комбинација со провидна елоквентност
Невкусно изгледа, не треба премногу време за да се забележи. Тоа е ваше мислење, доколку се сомневате слободно пријавете.
Не треба премногу време да се препознаат и позитивните аспекти кои се фундаментални за да се биде дел од нешто. Негативизмот и недоследноста се детектирани.
Можеби ништо позитивно не му "боде" очи на членот а имал/а потреба или сакал да се зачлени. Темата е таа, членот си се изјасни и нема потреба од анализа и етикирања дека некој е "негативец". Ако мислиш дека е дупли профил пријави. Да му е незгодно на човек да напише нешто, оти после треба да се правда дали е дупли профил, дали е негативец...
Пред да цитираш, добро прочитај! Негативизам-појава, негативец-личност. Никаде не посочив личност, член за да биде етикетиран.
Аха, сигурно мислеше дека членот е голем позитивец само со детектиран негативизам. Како и да е @poenta , поентата ми беше дека мислењето на членот му е на место, во соодветна тема - ако мислиш дека е дупли профил пријави, simple as that. Ако почнеме сите да детектираме негативизам во мислења на формот ке биде интересно Толку од мене, не планирам да ја полнам темата со офтопик.