Доколку го познавам добро човекот ,тогаш може да поклонам "прикладна книга". Обично ,носам вина , мерси, букет, парфеми. На некои настани ,слави или отварање на објекти. На другарките обично ,некој накит, парфем или омилено парче облека
Пред да отидам да купам поклон, прво седнувам пијам кафе и размисувам за личноста (онаа на која треба да и подарам) што всушност сака, што ја прави среќна и што изнудува насмевка на нејзиното лице, така добивам идеа, идам и купувам. Се сакам да поклонувам без везе поклони колку да не сум со празни раце.
Зависи.. Кој е поводот.. Колку е блиска личноста.. Каков вкус има.. Вино, благо, паричник+каиш, нешто за домаќинство (еве сега пријателка моја се вселува во нов стан па и таков е поводот..).. книги ретко, ако сме збореле за некоја книга (најчесто како поклон без повод), накит, чанта (ако сме гледале пред тоа или за оние со кои имаме ист вкус).. итн итн итн
На секој подарок обрнувам внимание да биде во склоп на личноста на која го подарувам, па често осмислувањето и купувањето на истиот бара повеќе време Може да биде и детска играчка на возрасен човек, ако е некој со јака смисла за хумор Секогаш нешто невообичаено Со подарокот следува картичка на која пишувам или поговорка или наша интерна шала, меѓу мене и оној на кој подарувам
Во последниов период на машките им купувам од оние сетовите за отварање шишиња а женските во последниов период ги наполнив со бокалчиња за чај, чашки за чај (оние турските)... Кога доаѓам во Скопје одам на зелено пазарче што нема таму...
Зависи од поводот. Најчесто парфем или некоја козметика, вино, природно цвеќе или нешто од домаќинство.
Зависно кому подарувам, зависно каков е поводот и зависи колку сум при пари. Најлесно ми е ,,поколон во плик,, и цвеќе, ама знам некогаш да подарам и книга некому што убаво му го знам вкусот, сум подарувала и аксесоари, козметика, нешто за домаќинство ... Инаку одбегнувам облека да купувам зашто страшно многу промашувам величини!
Зависи за кого и за што. Најчесто парфеми, накит, чоколадо, облека... Отприлика тие што ми се блиски знам кој број носат и што им треба, па често знам да им земам и облека. До сега гледам се шо сум им дала си го носат често. Може зошто на сите што им подарувам ми се ептен блиски па немам утка.
Највеќе парфеми, нешто од шминка, чоколадо, за најблиските најчесто облека. Или пак понекогаш им носам пари па тие што си сакаат нека си купат
За женскиот пол немам утка најчесто козметика ,накит ,шминки ,ситни работи за во домот ,за во кујна ... А за машкиот најчесто новчаник ,пијалок некој ,некоја убава маичка ... И за децата се знае од играчки разноразни ,облека па и пари се почесто