Што најпрво направивте кога дознавте дека сте бремена?

Дискусија во 'Бременост' започната од Delevska, 16 март 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    17.915
    Допаѓања:
    150.958
    Пол:
    Женски

    Имаш цела тема за матичните клетки тука :) ;)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    98
    јас како млада мамичка бев видно испаничена :D Кога ми доцнеше а редовно ми доцни одма не реагирав си викам ај ќе добијам и така ден за ден ај ќе биде ај денес ај утре се додека едно сабајле не станав од спиење бидејќи ми се повраќаше.Веднаш земав тест и апла позитивен толку црвена линија немав видено дотогаш :rofl: Отидов на преглед и докторката ми вика душичке бремена си веќе 9 недели АААААААУУУУУУУУУ !!! незнаев што да направам у моментот а дечко ми ме чекаше у кола.Кога му кажав тој беше пресреќен а јас плачев :lol: Но веднаш потоа откако разговаравме со нашите семејства одма им се јавив на сите од друштвото за да ја споделам нашата радост.Супер,со темава ме потсетивте на убави моменти :D
     
    На Danni79 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    118
    Бидејќи тестот го правев кај гиниколог,откако и се јавив(предвреме) на мајка ми за да и ја соопштам веста(а ако не беше точно што ли ќе правав),...Гинекологот ми кажува "Честитки ќе станете мајка"... а јас
    'уфф добро е не ја излажав,а значи ќе имаме бебче во куќатаа" ... потоа му одам на мажот ми на работа,тој во канцеларија,тропнувам на врата,влегувам "Стани,дојди ваму стви ја раката на стомакот"... тој ја става раката на неговиот стомак ...а јас озбилна "На мојот бе,ја чуствуваш ли нашата бебушка???" ..."Штоо,ќе станам таткоооо???Ејј чекај ме зафркаваш???од кај знаеш?" ... Вадам листовите од чанта... тој почнува да ги чита..."Не разбирам ништо ама чекај немаме соба за бебето???" ..."Алоо имаме цели 9 месеци??" ... им кажува на колегите..итн.................. :D :D :D
     
    На JanevaB му/ѝ се допаѓа ова.
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Плачев. И до ден денес незнам зошто. Милиони чувства ме преплавија и си викнав да плачам, додека маж ми ме гледаше со фаце :?: . Потоа трчав кругови низ станот заедно со тестот во раце. :lol:
    Вака кажано малку налудничаво звучи а?. :?: :lol:
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    На тестот ми се појави бледа линија, па отидов на гинеколог а маж ми (тогаш дечко) ме чекаше во кола, кога му се појавив со сликичката леле леле, радости, нема да му го заборавам лицето, и само ме бакнуваше :) а со второво правев тест дома и со осмех од уво до уво отидов во дневна да им кажам на маж ми и ќеркичката :D какви среќни моменти!
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    76
    Go pravev testot po 5ti pat zosto imavme napraveno nekolku porano koj bea negativni a vecerta pred da go napravam onoj test koj ja imase onaa ubavata crtka imav napraveno eden i go zirkav nepolna minutka i go vrativ vo kutijata drugiot den zemav da cistami ja gledam kutijata i vikam aj da zirnam onaka i gledam crticka kako vlaknooo tenka ja gledam na prozor i odvaj se glea mu vrtam na maz mi da kupi test (bidejki planiravme )i mu vikam ne se raduvaj gledam epten tenka linija kako vlakno i toa na svetlo od prozor zemi uste eden on vidno vozbuden se vraa od rab i kupi test go stavivme pred nas i pocrvena toa bese woow interesno bese maz mi placese od sreka hehe inace onnnn e mnogu tvrd :))) ali se razligavii interesno bese a ja pak onaka neznaev sto se slucuva dur pred nekoj den ne go cuv srcenceto na nasiot bebus ve izgnjaviv :lol: :*
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mari-2011

    Mari-2011 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    13
    Јас не сум правела тест никогаш.. навистина скоро цела година се обидувавме да имаме бебуш, и кога најпосле тоа се случи, едноставно знаев.. инстинктот ми кажуваше дека сум бремена.. после неколку дена отидов на гинеколог и докторката ми ја потврди бременоста.. иако го очекував тоа, сепак ме преплавија чувства и солзи радосници.. сега само уживам во бременоста и со нетрпение го очекувам бебувчето .. :) иако има уште време, ама брзо поминува...
     
  8. Mother86

    Mother86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    Почнав да скокам од радост и секако му кажав на мм :rofl:
     
  9. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Skokav od radost, placev, pak skokav... pa sednav na kompjuter, of course, pa barav soodveten nacin da mu soopstam na soprugot i na kraj mu prativ link, mu velam otvoraj odma da vidish nesto, toj na rabota pustil na zvucnik :devil: , koj da go znae, :$ , i koga mu se otrestila pesnata TATA TREBA DA CASTISH... (taa mi se cinese prikladna TOGASH :D ne znael kade da se svrti i eve go za 15 min doma, pred istek na rabotno vreme :sweat: :@ i :rofl: vo ist moment - em lut shto se zasramila tami, koj znae kako se vadel, em presrekjen em zbunet...
    Preporaka, ne pravete vaka ako ne raboti partnerot sam vo kancelarija ;)
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.267
    Допаѓања:
    14.967
    Пол:
    Женски
    Се збунив, подгледнував убаво во тестот, си велев како бе???
    Плачев од збунетост, се ми се вртеше во глава....секакви емоции ме удрија-измешани.
    Одма се пресоблеков да одам кај дечко ми, но нозете како пресечени ми беа едвај се движев.
    Збунка невидена.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.275
    Пол:
    Женски
    Прво се зачудив. Не ми се веруваше дека сум бремена, иако бременоста беше планирана. После тоа му се јавив на маж ми (тогаш дечко) за да му кажам. И на него не му се веруваше. :D
     
  12. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    75
    си купив уште еден тест за бременост,па му јавив на сопругот и му викам: "Правев тест,позитивен е", а тој на мене:" Каков тест ?" :lol: :lol: :lol: Оваа реакција му беше дека пробувавме 7 години,имавме ин витро и доцен абортус,така да спонтаното забременување беше нешто што ни во најлуд сон не го очекувавме
     
    На Annie.mk1, Veki4kaa, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    302
    Откако направив тест и гледам 2 цртки му вртам на вереникот, а тоа рано по сабајле и му викаm 2 цртки и тој уште нерасонет ,што 2 цртки WiFi фати, да да фатив и ке си го носам 9 месеци :rofl:
     
    На piksooki, IAmPresident, Trxmx и 13 други им се допаѓа ова.
  14. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    395
    Хахахаха ме изнасмеа :D :D :D
     
  15. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    :D :rofl: :inlove:
     
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.443
    Допаѓања:
    4.397
    рано сабајлето у 6 го направив тестот малку се направив мајмун :D никој да не ме види дека правам тест и си седнав на шолјата се измочкав и гледам две црти аааа се залисав од радост ееј не ми се веруваше почнав да скокам у вц да се гледам на огледало раката на уста плачам од возбуда се смеам милион чувства емоции а др надвор се спремат за работа ееејјј зајдов не ми се веруваше колку бев среќна у тој момент заборавив на се само јас и мојот позитивен тест постоевме тој момент... а после кога кажав на домашните ваууууу :dance: :party: мажето ми се радуваше на скајп зашто работи у германија ;( ама важното радоста си ја споделивме :D
     
  17. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    411
    Сопругот требаше да патува службено, ама не му се одеше ич. Цел депресивен.
    Јас некако си знаев од порано. градите ме болеа и еден апетит ми се отвори чудо. Ама тест не земав. Чекав барем еден ден да ми закасни. И одма првиот ден директива по тест. :P
    Се будам сабајлето и му викам денес тест ќе купуваме. Тој ми се изнасмеа, ми вика уште од свадбата вака не си била весела :)
    И тестот го правев попладне ама пак беше позитивен. :) Одма му кажав и не му се веруваше просто. Без зборови остана. Така после си се гушкавме цел ден и сабајлето го испратив насмеан. Си имавме тема за зборување по skype, и он имаше обврска еден куп работи да ми донесе од пат.
    Мило ми е што баш тој ден дознав, многу ќе ми беше тешко да не ми беше тука да си го гушнам. :inlove:
     
  18. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Зошто не му ни каѓав на мм дека сум купила тест, чекав да оди на работа па го правев. Одма се покажаа двете цртки :) прво се јавив кај гинекологот да си закажам преглед за да ми потврди. Во тој момент доаѓаат кај мене мајка ми и сестра ми ( сестра ми беше тогаш 6ти месец ) и им кажав на нив. Мајка ми почна да плаче, сестра ми со еден збунет поглед вика „ Еј што убаво ко нас ќе си бидат неразделни “ :)
    После тоа отидов во град, купив дресче и гаќици од омилениот тим на мм и отидов кај него на работа да му ја соопштам веста :)
     
  19. ida123

    ida123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    вчера дознав дека сум бремена, и не сум баш толку среќна. незнам како да им кажам на моите, на дечко ми... не се чуствувам спремна на тоа. осеќав дека сум бремена ама пак си викам да купам тест да дознаам и кога видов две црти ми се сврте во главата. не сум омажена и сега изгледа на брзина ќе правиме свадба. не дека не сакам бебе, ама ми е страв дека ќе ми ги уништи сите планови за во иднина. и сега како да му кажам дека сум бремена на дечко ми? дајте ми некој совет плс
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    11.437
    Прво се сотрев од плачење, значи зајдов буквално... :rofl: После бев во шок едно 10 минути, вие први разбравте тука пишав одма, пошто пола фемина чекаше на моите 2 цртки цела година. На мажле му беше роденден, и си го доби најубавиот покло - тестот во бебешко чорапче! :lol: После тоа им кажавме на сите, радости беа тоа цел ден! Сега чекаме да го повториме изненадувањето со бебето во раце, нормално! :D
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.