Се изгушкавме со мм , затоа што со него го правев тестот и им кажавме на родителите "изгледа за некое време ќе имаме нов член во семејството" .
Правев тест пред работа. Кога се измив да се свестам од спиење и кога погледнав втора црта буквално мислев дека тестот се зафркава со мене. Не верував. Отпосле кога проверив со клир блу се уверив и пак не ми се веруваше. Не ни се веруваше со маж ми.. ама ни се проверува со тек на време па ништо друго не правевме освен што го галеевме мешко.
Па сама го направив тестот и гледам две цртки .... КОООООЛКУ само се израдував нозете мислев дека ми се пресечени а рацете неконтролирано ми се тресеа му го покажав тестот на мм се гушкавме долго долго.... на родителите им соопштивме од кога направив тест преку крв и ехо на гинеколог
Да го скршам мразот, иако не ми е нешто интересна приказната. Двете бремености ми беа планирани, си правев тест и со двете 1 ден одкако ми доцнеше и беше позитивен. И двата пати кажав на моите, на неговите на најблиските уште одма, пред да одам на лекар неможев да издржам и општо не чекав до 12 недела па да кажувам како обично што прават, си кажував спонтано на сите....
Ние сме со инвитро и кога добивме позитивен тест плалевме, се радувавме, и кажавме само на 2 другарки кои знаеа и ме бодреа во целиот процес, откако направивме и бета им кажавме на родителитe,сега сум уште малку 12 недела, ќе почекам да истерам 13та и ќе кажам на сите, јееее едвај чекам да не се кријам веќе хехех и со гордост да го носам стомакот хххх
1та бременост некако како да предосеќав дека сум,ама ајде земав тест и 2 дена се шуткав навака натака не ми ни текна да го направам, мм ме потсети го направив и немаше ни 3 мин одма покажа 2 жар црвени линии,кога му се јавив на мм му викам ќе имамееее бебеее тралааала и имаш филмска тишина и вика епа добро Со здравје да си го носиш Изгубен ама пресреќен. А сега сум бремена со 2 ,се обидувавме скоро 3 год ...бевме излезени и викам застани до аптека да купам апчиња несакав да му кажам затоа што веќе од негативни тестови ми беше преку глава, Дојдов дома ,влегов во купатило реков ќе се бањам, го направив тестот ма како се полнеше прозорчето така одма и 2те линии се појавија ја гледам и не верувам и почнав да викам влегува мм избезумен целиот мислеше дека се лизнав синко по него и викам конечно ќе имаме пак бебе ...мм пресреќен а Синкооо прво шо ни кажа утре да знаете на другарчињата одма ке им кажам... и се јавив на мајка нормално одма да и кажам и и викам мамооо позитивен тест позитивна сум а она леле аман од ова коронава жити се кај закачи?! мор мајка трудна сум ќе станеш пак баба...и така она плаче ја плачам ❤
Планиравме бременост некое време, но неуспешно. Ми каснеше 5дена, но чекав да не се радувам по џабе. На 10ден бев во аптека и купив тест. На мм му немав кажано дека ми касни толку,сакав да го изненадам, секако не знаеше на кој датум добивам менструација. Го направив тестот, и позитивен хахаа.. плачев 1час сигурно. Потоа се спремав и излегов да купам бебешко боди и играчка. Мм беше на работа, ми се јави дали ќе правам вечера и одма добив идеа, му реков дека веќе спремив нешто за јадење, изненадување. Го кладов во голема чинија и покриено. Тој дојде и набројува јадења, што би можело да биде. Го отвори и 3 пати ме праша, сигурна си хахаха.. Среќа ми текна да снимам, па сега кога го гледам видеото уште плачам хаха... Уште вечерта им кажавме на родителите, нареден ден на преглед бевме
Неможев да издржам па направив тест еден ден пред да добијам. Не се надевав на нешто најискрено, и кога го видов тоа убаво линивче уште не расонета искочив со трчање од тоалет, и маж ми ме гледа цела расплакана, си се изнагушкавме и така..
Најпрво и се јавив на @Cka . Се испотресов за сите пари. После му се тупнав на мм на работа. Рикав како магарица Со такси одев до болницата и по пат си плачев. Дур му кажав на таксистот кај да вози он ме приметил дека плакам и загрижено ме праша што ми е. А јас како од пушка- лелеее трудна сум и се тресам цела. Он мртов озбилен- Не се нервирај , сега медицината е многу напредна, за еден саат завршуваш со абортусот.Не е болно и страшно воопшто ми вели. Културно му се заблагодарив за објаснувањето
Беше 6-ти ден од трансфер, отидовме да се прошетаме, да истераме шопинг и поминав во аптека да купам од најевтините тестови. Тој ги качуваше ќесите, а јас се пикнав во вц, ми се одеше многу и си реков ајде ќе искористам и тест да направам, попладне беше околу 15-16 часот. Го гледам тестот, гледам две црти, почнав да се тресам и да се дерам по него да ги остави ќесите. Се испаничи кутриот, мислеше нешто ми се случило. Го гледаме тестот, се гушкаме, стопати повторивме леле изгледа успеавме, не ни се веруваше. Јас се тресам, тој се тресе и ми држи рамења да се смирам, да не сум го истресела бебето. Го гледавме тестот како хипнотизирани, а тој ме фаќа под мишка да ме однесел во дневна да сум легнела, па ме опоменуваше дека многу брзо сум отишла од вц до дневна Се прегушкавме и се изнаплакавме. Малку кога се созедовме, го сликав тестот и му го пратив на докторот. Ми се јави, направивме муабет и рече утредента да проверам бета. Потоа седнав на форумов да ја ставам сликата, да споделам со девојчињата во Вештачко.
11.03.2020 беше денот кога се донесоа првите мерки за пандемијата. Памтам излегов од работа порано, си одев пешки. И покрај сите луѓе што поминував застанати што си разговараа, тема на муабет беше короната, па кој бил Италија, кој ваму кој таму, сите преплашени. Ми каснеше 3 дена, на 8 март требаше да добијам. Влегов во аптека и купив 2 теста. После мене влегоа дечиња од основно да си купат маски. Уште некако не бевме свесни што не чека, преплашени бевме сите од вирусот. Застанав во еден киоск и си купив цигари, од оние ОМЕ најслабите. Некој немир имав во себе а ги имав намалено цигарите пошо се обидувавме за бебе (втор месец обиди), па ми дојде да запалам. Седнав на клупа, запалив и така си седев 10 минути. Стигнав дома и ај реков нек буде шта буде, го направив тестот. Мм на работа беше, не можев да го чекам, а тој секој ден ме прашуваше кога ќе купам тест. Му реков дека ќе купам и ќе го направам кога ќе си дојде од работа ама не издржав. Одма во истиот момент се обоија 2 жар црвени линии. Некако ми се пресекоа нозете иако во себе знаев. Некое чувство на страв ми дојде заради претходната бременост што заврши со киретажа. Отидов во дневна и 5 пати се вратив до вц да го видам тестот. Земав телефон и ѝ се јавив на докторката што ме водеше и што ме породи и прво на неа ѝ кажав Она ми кажа што да пијам витамини и кога да одам на преглед. Си пуштив музика и си денсав, правев ручек, дојде мм од работа и тој преплашен од короната, правиме прво за тоа муабет и ми вика, абе а тест зеде ли? Да му викам, зедов. И одма по насмевката ме примети дека сум го направила и дека е позитивен, ме гушна и ми рече Ајде со лесно да ти е. И така мене солзички малку ми дојдоа, си сум емотивка На нашите им кажавме после неколку дена.
Сама го направив тестот. Ми доцнеше десетина дена, веќе и да бев сигурна дека сум бремена. Прво му се јавив на дечко ми, пробав да му направам некој друг муабет, ама ме сконта Кога му кажав, беше на работа, само ми рече ај да завршам па те барам, ќе се слушнеме, видиме. Се збуни целиот Ја чекав да дојде мајка ми од работа и не додржав уште на врата и кажав. И двете пресреќни, ред солзи, ред мрсули После дојде дечко ми и силно се гушнавме Веќе 8 недели сме среќни со новото сознание
Аии што убава тема Беше 6ти септември, само што вратени од патување со мм, тогашен дечко. Искочивме вечерта, абе како за беља ги поминавме сите кафани и дискотеки, напиени до крај се прибравме во 6 сабајле. Се будам накај 11h и ми иде главата од ѕид да си ја мавнам колку ми се повраќаше. Стана мм да прави кафе за во кревет, јас отидов да се измијам. Вадам лосион да исчистам лице и го гледам тестот што го купив за претходниот месец, а добив и не го искористив. Во моментот ми текнува дека уствари ми касни 8дена. Ај си викам ќе го направам да не го гледам веќе тука зашто убедена бев дека нема шанси да забременам природно. Го правам, се вртам вода да пуштам, гледам две жар црвени линии Го зимам тестот, го држам пред очи и не можам да поверувам. Се соземав и почнав да викам на цел глас, да плачам, да се тресам, ќе ја откорнев вратата да излезам побрзо. Се судираме со мм во ходник, јас мафтам со тестот, тој со две кафиња во раце не знае што да прави. Ги остави и кога ме грабна во раце, ме здроби од гушкање Седнавме да направиме план како ќе ги изненадиме блиските, закажавме кај првиот слободен гинеколог и памтам во 7ца додека јадевме правевме нарачки за изненадувањето, па во Палма на сладолед имавме многу убав муабет за иднината. Ех, каков период.
Веќе пишав еднаш во оваа тема. Вчера бев на преглед кај гинекологот и дознав дека носам близнаци. Не можев да се воздржам, си пуштив некоја солза. А, надвор од ординацијата, мајка ми и момчето. Пресреќни. Дечко ми се расплака од среќа. Им кажавме на најблиските, никому не му се веруваше. Дупла среќа на мојот среќен ден 13.