Во темата “Инстаграм” со девојките дискутиравме што најчесто гледаме на инстаграм. Јас обожавам да ги гледам 5 минути на инстаграм навечер така што ми помагаат да заспијам. Преку ден во слободно време гледам слики од животни. Кога треба да правам нокти идеи црпам од инстаграм. Вие што гледате најчесто?
Еве ја тематаа конечнооо На Инстаграм најчесто гледам и што следам се животните и птиците. Тоа ме смирува и релаксира, затоа што и јас самата претежно си ставам слики од моите миленичиња. Гледам природа исто, нешто околу шминка иако не се шминкам премногу не сум таков тип, ама знам да се загледам и тоа. Овој си го сакам најмногу и секогаш ми е на прво место на Инстаграм
Луѓево што ги следам повеќето ми се на мјут али затоа инста ми е препол со слики од Италија и италијански градови, со мачиња, кучиња, по некоја страна за weed, природа и слично. Затоа и полабаво се чувствувам на инста одколку на фејс
За оние кои се љубители на животни им препорачувам да си ги следат овие Преслатки ми се и уживам со нив
Во последниот период гледам слики и видеа за невестински мејк ап и фризура, а во глобала видеа со фитнес и вежби за тело, понекогаш некој рецепт за здрави оброци, видеа и слики од омилени филмови, серии, актери, хумористочни слики со иронија
Инстаграм ми е омилена социјална мрежа,немам фб па поминувам квалитетно време на инста.Многу ми е порелаксиран од фб и затоа веќе подолг период не користам фб и немам намера да почнам пак. Најчесто пратам и гледам слики од животни,мода,храна,природа,патувања,згодни момци моите омилени ликови од сериите,некои профили со цитати и мисли. И се разбира си разгледувам профили за книги и си правам список за читање.
Гледам : секаква храна, смешни видеа од деца, животни, танцувачки видеа, некои интресни мејкап видеа. Па потоа може да изманјачам некој и така
Мода, што и ма по некои бутици што ме мрзе да одам и често порачувам облека и вака рандом нешто животни шминка, +18 слики итн
Слики и видеа од мачиња, обожавам мачки, мејк ап туторијали, здрави рецепти, слики од природа, некои видеа со фитнес претежно кардио вежби фокусирана сум на кардио да ослабнам итн.
Животни и храна, на прво место, архитектура и ентериери на второ и уметници на трето. Признавам следам и многу еротски профили не безобразни него баш онака фино еротски, ми даваат инспирација за сликање, а у последно време не знам зошто ги гледам оние што јадат храна пред монитор како и да се вика, ем ми е грозно ем упорно гледам Пошто не користам ниту една друга социјална мрежа(никогаш не ни користев) освен инста, знам некогаш со саати да заглавам
Најчесто гледам слики поврзани со мода, патувања и животни а поретко гледам шминка, рецепти, архитектура, итн.
Заради вакви мислења сакам опција "хаха", да не цитирам Најчесто гледам видеа од храна (подготовка со некои брзи рецепти) и шминка Стори воопшто не отворам во последно, ама затоа на почетна гледам memes по цел ден. Понекогаш може и некои убави цитати или приказни да најдам и да си читам.
Видеа каде што козметичарот мери, црта, пусти по фацата на клиентот со цел да му ги исчупа/нацрта веѓите симетрично, за на крај да си ги направи под аглите што он мисли. Или видеа каде што пола саат им ги тинтраат трепките и на крај изгледаат едноставно... мокро.
Food porn (слики од убава храна, не нешто друго ) И слики од некои егзотични дестинации, море, плажа, бел песок и палми, луксузни ресорти
Следам некои фитнес инструкторки,страни за вежби,страни со некои цитати у главном тоа што ме интересира.
Обично следам профили поврзани со уметност, цртање, тоа ми остана уште кога за прв пат направив инстаграм, тогаш и некако поубаво беше на апликацијата, немаше многу луѓе, сега многу станаја безвредни работите, има многу исти профили кои се копираат меѓу себе, луѓе кои те заследуваат за да ги заследиш, па потоа те одследуваат, се бројат колку имаш следачи, лајкови, многу влије на самодоверба, прави да се споредуваш со други и низа негативни работи. Инаку следам и профили за фитнес, мода, по некој за храна и вести. Исто така порано многу следев македонски инфлуенсери и јутубери, но ги одследив, бидејќи некако останаја на исто ниво и цело време се повторуваа или само копираа од други.