Рецензии на шминка и препаративна козметика и најнови производи. Креатовни изгледи и профили кои ме инспирираат. Фотографии од патувања, уникатни места, како да си нетипичен турист и сл. Кога патувам сакам да искусам сѐ што е локално и барам некои hidden spots за вистинско доживување. Сакам убави фотографии, па зачувувам местенца кои ми се допаѓаат за да ги фотографирам кога ќе ги посетам. За време на карантинов ме интересираат постови за уредување на домот и градината.
Јас ја гледам Маја често и ја следам. Толку е слатко кучево а и полно со љубов.Си симнувам wallpapers за во телефон. Просто уживам кога им ги гледам сторињата.
Најмногу следам страни исполнети со мемиња, затоа коа скролам на почетна се смеам кo чукната. Наредно, страни за мода (комбинирање, усогласување бои, разни hacks&tricks). Следам готвачи, коктел мајстори и голем број профили кои постираат слики од кампувања (ептен ми е желба). Фитнес тренери, профили исполнети со слики од патувања и тако даље и даље.. Не е ни чудо што можам цел ден да го преседам.
Даааа преслатка е Си ги обожавам животниките најмногу, посебно оние кои чуваат специфични животни, а и волците како веќе по државите си ги чуваат....милина
На pubity имаш интересни мемиња,само има повеќе верзии на профилов и не се јавни објавите. За љубители на мачки - често ми излегуваат разни стрипови со мачки што во последно време ми станаа омилени.
Видеа со мачиња, мемиња, мажи, видеа со фризури, и тоа. Гледам во activity, daliy average ми е 20 минути на инстаграм. Не сум некој инстаграмџија.
Најчесто тоа се видеа за готвење, за вежбање, туторијали за шминкање, love qoutes, некои научни видеа или слики и слики од животни. Друго, гледам сториња на блиски пријатели и нормално ги гледам новите постови.
Следам профили со мачиња, профили на миленици (омилен ми е Tucker златниот ретривер а исто така триото мачки на missnell), смешни видеа, твитови, мемиња, поезија, цитати, повеќе профили поврзани со астрономија и научници, нутриционисти, рецепти, познати личности и обични луѓе. Инстаграм ми е омилен и дефинитивно поинтересен од Фејсбук.
Релативно кратко време поминувам на инстаграм. Дали еднаш или два пати на ден отварам и обично ги гледам сторињата на првите 10 души (после ми здосадуваат), исто и со сликите, или ако јас поставам слика или стори некогаш. Следам профили кои имаат корисни информации и од кои нешто може да се научи од медицината, исто така некои профили со смешни видеа, memes, рецепти, профили поврзани со музика, пејсажи од Швајцарија, познати личности (релативно малку, ама во главно спортисти) и некои скромни луѓенца (т.н. инфлуенсери) кои ми го фатиле окото.
Следам стајлинг за мажи и жени , хорор страна prizivanje , Веселин Владимир Звекиќ ( многу е мрднат позитивно ) , оној со Блаженка Цале беше мислам , мемиња , страни со најубавите и најпопуларни дестинации во Европа и во светот , National Geographic channel , BBC Earth , Холивудски ѕвезди , неколку јавни фаци од Мк ( Лозано , Мартинијан , Каролина оние што се приземни углавном ) , неколку ѕвезди од Србија и неколку лепотани од Русија .
Најчесто гледам видеа за шминка, видеа со мачки, профили посветени на познати личности, одредени блогерки, исто така видеа за готвење и некои смешни memes.
Фотографии од книги и се поврзано околку книги, гледам што објавиле некои познати личности што ги следам.
Мислам дека периодов сите можни видеа со дизајн и цртање ги изгледав,гледам кој како црта и си зимам идеи некогаш, следам за музиката што ја слушам, интересни работи за планетата и животните, тоа ми е релакс
Обично ги разгледувам фотографиите на познати инфлусерки кои ми се допаѓаат и оттука црпам идеи за убави модни комбинации. Исто така, следам и објави од производи со онлајн достава или фотографии од облеката во бутици кои често ги посетувам. Гледам што имаат ново и ако нешто ми се допадне одам да си го купам или си го нарачувам.
Најчесто гледам memes, видеа со прасиња или мачки и кучиња.Гледам сториња и постови ко на пример на Дарко Влогс, Роберто Навали, такви некои смешки. Гледам дизајни за тетоважи, сториња. Поретко гледам храна искрено.Некогаш гледам за идеа некоја да добијам за правење, ама углавном лиги ми се прават па избегнувам некогаш да гледам Нокти гледам, шминки, манијачам актери
Обично депресивни видеа, асмр видеа кај што јадат пипкаат нешто слајмови едно др, видеа со дечиња бебиња мали, блогерки некои што ги следам,нокти коси и шминка гледам колку да имам идеа за негде како да ме направат, фустани многу сакам да гледам.Тука погоре пишаа за кучиња и тоа засакав заследив. Инаку оваа од неодамна почнав да ја следам прави накит обетки многу ефтино продава а стварно убави ако некој е заинтересиран нека и го посети профилот и можеби си нарача некогаш нешто @accessories_rose10 е потп
Го обожавам! Видеото кај што им пее на лавовите не знам колку пати го имам гледано. На темата, гледам креативни дечиња и мајки, гледам мачки , гледам туторијали со шминка од јутјуберки што ги следам. Го гледам Марлон Алвес. И вежбам зумба со него.