Како што кажува и насловот што играте надвор во маало или што сте играле како мали опишете некоја игра тука ! Сестра ми е помала од мене и секогаш кога ќе ја прашам што правевте ми вика се досадувавме и тепавме време ништо не правевме некогаш играат криенка кога имаат друштво и прават нешто торти со кал ама потоа рацете цели испукани. ајде објаснете некоја игра па да им ја предложам
Па најчесто кога врне дожд скокам по вирови,со цел да се избегне најлошото-а тоа е да пропаднам во некој вир и да се удавам. Исто и уметничко лизгање кога има снег. Забавно е
камај-камај, грабни стапче,граница,крадци-полицајци,ластик,од косена трева и картони бункери правевме.....лудории.
Пример неколку деца се во едно поле..A на горната страна има едно дете а на долната друго.И сега се зема топка и се погодуваат децата што се во плето од страна на двете деца(горе и доле)...незнам дали ти објаснив убаво
Криенка, плочка, бриши план, а најинтересно ни беше граница. А денес кај нас во огромниот двор (заеднички е од цела зграда) или играме ватерполо (имаме и голем базен и лежалки) или играме одбојка (имаме мрежа и песок) .
Ехх колку ми фалат времињта кога надвор се собиравме по 20 деца и никој не знае кој што прави инаку најчесто сме играле жмурка,јаже,ластик,мижи баба,штркот бара боја,црно ѕвонче,народна, и ред други работи понекогаш и сами си измислувавме игри да не ни биде досадно.
Па како мала со другите деца од маало игравме мижитатара со план, пајаче, ластик, се лажевме со топка, лепчина, штркот бара боја, народна и уште мн др игриии
Играв: криенка, брканица, сакате ли војна, народна, ластик, штркот бара боја, и др. Убави времиња беа. Штета што сега се се сведува на игри на компјутер.