Што најчесто пиете во кафиќ ? Мојот избор најчесто зависи од моето расположение Секогаш различно ми се пие без разлика дали е ден или ноќ, само ист ми е изборот кога сакам да се освежам и тогаш си нарачувам Sprite со лимон.
Што најчесто пиете во кафиќ ? Преку ден пијам или сокче или топло чоколадо оти не пијам никакво кафе. А навечер пааа... се хаха коњак, мартини,текила,водка,пиво,шток,џин.... СЕ ! зависи од расположение и од то шо му се пие на друштвото
Што најчесто пиете во кафиќ ? Преку ден ладно макијато и цедевита од зелен лимон. Perfect combination! А за вечерно излегување кога сме во кафанче пијам узо, а инаку пивце и тоа amstel
Што најчесто пиете во кафиќ ? Па најчесто кока-кола или ладно макијато....понекогаш и еспресо или нескафе.
Што најчесто пиете во кафиќ ? преку дента Ајс кафе а вечерта ако сум расположена алкохол ако не кока кола..
Што најчесто пиете во кафиќ ? кога е ладно надвор нарачувам топло чоколадо , макијато или топло нес кафе.. а вака летно кока кола ладно нес ладен сок итн итн
Што најчесто пиете во кафиќ ? Најчесто си пијам ладно макијато и тоа летото може цедевита,леден чај а зимата најмногу чајчиња и топло чоколадо ама од ванилааа мммммм
Што најчесто пиете во кафиќ ? нескафе преку денотт..а навечер ако сум онака башшш во добро расположение алкохол ако не сокче или вода флаширана
Што најчесто пиете во кафиќ ? Преку ден во зима обавезно топло чоколадо мммм ,или чај. Преку ден во лето обавезно цеден портокал,а во зависност од колку сум жедна може да улета и некое природно сокче од боровници,темно овошје... Кафиња мннн ретко,ептен ради друштво,во комбинација со кока кола или флаширана вода. Навечер во зима црвено или бело вино,зависи,или во комбинација со вода пак или со кока кола(ама посебно,не ги мешам како бамбус или шприцер),а во последно време мартини ми фака око. Навечер во лето,никако алкохол,само некое коктелче безалкохолно,или вода во диско.
Што најчесто пиете во кафиќ ? Па во последно време се некако пиво порачувам незнам зошто треба да сменам ај викендов нешто жестоко ќе пијам па ќе се пофалам
Што најчесто пиете во кафиќ ? Преку ден:Нескафе,Цедевита,ладен чај,а на зима чајчиња Не пијам алохол бидејќи сметам дека уште сум мала за алхохол,а и не сум голем љубител на алхохолот.
Што најчесто пиете во кафиќ ? Преку ден кафе, чај, минерална вода или сок. Навечер мартини ,вино (црвено, бело), пиво чат пат преку лето
Што најчесто пиете во кафиќ ? Оу да, и јас многу сакам мартини, макар што отдавна немам близнато алкохол. Ако е ладно надвор пијам чај од нане или камилица или какао (со млеко не со вода) , а ако е топло надвор, пијам џус од портокал или кока кола. Секогаш кога седнам во различен кафич, гледам менито да не би случајно да има нешто различно. Сакам да пијам нешто убаво...нешто различно, нешто, кое до сега немам пробано... Мислам дека треба да појдам во Камбоџа, таму можда има некој чудни пијалаци да си го решам проблемот...
Што најчесто пиете во кафиќ ? Преку ден кога сум излезена најчесто кафе(ладно макијато или ладен нес) ,некогаш може да се случи и сок(цеден портокал,кока кола,швепс),а кога сум излезена навечер пијам сечена вотка или бело вино, евентуално сок ако неможам да пијам алкохол.