Што најчесто пиете во кафиќ ? За дневно излегување најчесто, т.е. скоро секогаш нескафе а поретко кока кола или цедевита.За вечерни излегувања преку викенд секогаш пијам алкохол- вотка тоник, пиво, а во лето и по некое мохитце. Не менувам многу, тоа ми се стандард нарачки, само по некогаш може да сменам со некој коктел, ако сум во такво раположение
Што најчесто пиете во кафиќ ? Зависи ама најчесто насабајле си порачувам кафенце-или долго еспресо или нес матено.Зимно време знам да си порачам топло чоколадо.А навечер пошто пред искачање у кафич обавезно прво одиме у кафана таму бело вино,а у кафич џин тоник или водка џус,мммммм
Што најчесто пиете во кафиќ ? Ладен чај, праска, лимонада... Ноќе коктели стандард, текила, ооо текила, вино, сечена водка, џин тоник, бејлис...
Што најчесто пиете во кафиќ ? Макијато или нескафе денски, а навечер, коњак Не се сеќавам кога последно сум пиела сок за време на луда вечерна забава(пошто кај мене се или сите луди, или јас не излегувам ) Маж бе, маж! Чуди се после кој го вотна коњакот од кај *****
Што најчесто пиете во кафиќ ? Ладно макијато денски, а навечер зависи од расположението,узо, џин-тоник или црвено вино.
Што најчесто пиете во кафиќ ? Па порано пиев повеќе, а сега откако се мажив мноооогу ретко, мада имаме и кафич ама не сум нешто многу по пиењето... Инаку преку ден пијам фредо капучино или фредо еспресоа, а домче само си правам фрапе или кај нас во кафич, а навечер бело мартини, урсус, бакарди бреезер лубеница ммм или некој ликер што не содржи многу алкохол
Што најчесто пиете во кафиќ ? цедевита а ако е топло времето може да се случи и кригла да си порачаме со друшките
Што најчесто пиете во кафиќ ? насабајле кога одам во кафиќ , или фрапе или нес кафе или топло/ладно чоколадо а навечер нешто алкохолно или пиво , вино , бакарди вотка или виски ретко
Што најчесто пиете во кафиќ ? Не пијам алкохол , ич не ми е убав Инаку пијам 3 во 1 со млеко, цедевита, џус, густи од праска, боровница, кока кола, пепси, спрајт и ладна
Што најчесто пиете во кафиќ ? Најчесто швепс или ладно макијато, дневна шема. Вечерта нешто алкохолно, зависи од расположение.
Што најчесто пиете во кафиќ ? Најчесто пијам свеж сок од портокал,или обичен сок,најчесто браво,а летно време леден чај.Кафиња не преферирам да пијам по кафичи затоа што не ми ги погодуваат.
Што најчесто пиете во кафиќ ? Преку ден пијам ладен нес, цедевита, капучино, 3во1 со млеко, добра вода.. секогаш различно. Во зима чајче, топол нес и некои од горенаведените . Вечер зависи од расположението, може швепс, кока-кола, фанта и сл. или пак алкохол коњак, водка, пиво, мартини, џин, црвено винце и сл.
Што најчесто пиете во кафиќ ? Сок од цеден портокал...Го обожавам, само што не можам да го пијам и после 22 ч па мора да се префрлам на ладен чај