Бидејќи почнав со здрав режим веќе две недели, и не пијам кафе со млеко, а без млеко ми е многу грдо па почнав да си пијам свежо цеден сок, од се по малку им викам,мешан а тоа е најчесто, портокал, лимон, цитрон и калинка.
Кај што знам дека има добра лимонада, тоа порачувам. Инаку во лето Швепс/Спрајт, во зима чајче/топло чоколадо. Кафе многу ретко.
Пред да седнам на кафе ич не размислувам што ќе пијам. Откога ќе дојде келнерот тоа и под притисок се осеќам тогаш и автоматски порачувам Цедевита од црвен портокал. И откако ќе ми ја донесат сфаќам дека секогаш, било што е подобар избор од Цедевита. -.-