Најчесто пијам макијато зошто обично не ми го годат секаде капучиното. Во ретки случаи пијам нескафе или пиво.
Ладно макијато,ладен нес а понекогаш и пиво со другарките кога сме добро расположени... А навечер најчесто бамбуш,исто така пиво некое ликерче зависи кога како
Па зависи во кој кафич сум,ако сум во АБЦ капучино со шлаг,ако сум во Цреша италијанско капучино со шлаг ,во Галери нес со карамела,а на други места ладно макијато. Во Баду пијам лимонади зошто по тоа се познати,најомилени ми се Блу куракао и Кокос/Малина. Преку школска година ако сме без пари(што се случува многу често) пиеме цедевита,а зимно време Топло чоколадо(најчесто италијанско,а понекогаш со ликер)... Кога сме расположени за алкохол сечена водка
Најчесто пијам цеден сок од портокал во зимскиот период, а во лето сакам да се освежам со швепс или тоник и парче лимон.