Што најчесто пиете во кафиќ ? Ако ми е дојдено до алкохол - вермут (ако служат ) , ако не - румче има насекаде Почесто порачувам Кока кола лајт ,ама ако нема лајт, онда минерална ,тоа е...
Што најчесто пиете во кафиќ ? Па зависи дали преку ден или навечер. Преку ден обично пијам цевитана од портокал исклучиво Навечер зависи од расположение..ако сум порасположена си пијам сечена вотка а ако не сум сокче. И да , не се ориентирам според друштвото во смисла : што сите тоа и јас ...Тоа што ми се пие си пијам
Што најчесто пиете во кафиќ ? Преку ден кафенце и сок.Летно време ладно макијато и фанта/спрајт.Зимно капучино или чај или топло макијато/нес. Навечер зависи..Водка чиста или сечена,коктел некој,Балантајнс,Сангриа,бело винце..
Што најчесто пиете во кафиќ ? Зависи. Денско време,ако сум излезена со другарки ова она,сок,коктел или нес.Најчесто швепс или фанта.Природни коктели,од портокал или друго овошје. А навечер може и да се поднапијам малку,а ако пијам сок најнормално швепс Ако пијам алкохол или коктел со алкохол најчесто пијам вотка - најмногу чиста,пиво и виски,ама виски многу многу многу ретко.За коктели пина колада,секс на плажа а вчера пробав и мохито.Ммм
Што најчесто пиете во кафиќ ? преку ден најчесто макијато, тоник или спрајт а на вечер водка, водка-џус или пиво
Што најчесто пиете во кафиќ ? Ако пијам кафе, тогаш е нес со мраз. Си пијам пиво, по можност точено. Навечер пелинковац, зимно време и вино црвено. Ако одам во мојата „дупка“, пијам некој коктел. На зима сакам да се напијам и чајче или топло чоколадо.
Што најчесто пиете во кафиќ ? Јас многу сериозно го сфаќам поимот кафиќ! Ако отидам во кафиќ пијам кафе- идиот (евентуално Спрајт) Многу пати сум размислувала и сега се решив да воведам промени. Планирам да почнам со нарачување на алкохолни пијалоци (се разбира во вечерни часови). Не за друго, ептен нема смисла да се натрескам со алкохол во жешкиве пладневни саати
Што најчесто пиете во кафиќ ? Пролет/Лето- леден чај ,коктели,нес кафе Есен/зима- екстрим кафе,топло чоколадо...
Што најчесто пиете во кафиќ ? строго фанта или цевитана од портокал,а навечер најчесто водка,поретко пиво....
Што најчесто пиете во кафиќ ? Денско време во зима најчесто топло чоколадо, капучино, топол нес, чат пат и несквик. Летно време сокче обично спрајт или кока кола, ептеен ретко ладно нес кафе. Другарките дури ми имаат и префрлено "Доаѓаме на кафе а се сок пиеш" WTF?! Навечер коњак или вотка.
Што најчесто пиете во кафиќ ? Па зимно време најчесто пијам топло чоколадо, летно време денски џус од праска навечер сечен коњак или џин тоник, иако може и навечер џус да си пијам некогаш
Што најчесто пиете во кафиќ ? Кафе-Ладно макијато Сок-Спрајт Алкохол-Вотка И зимно време-Топло чоколадо
Што најчесто пиете во кафиќ ? Се. Добро, речиси се. Еве да речеме, од пиле млеко не барам. Само тоа не. Друго секако: пиво, вино, жестоки алкохолни пијалоци (со перманентен исклучок на коњак, а со најстрасно уживање во водка (на иницијатива на Искра, во последно време преферирам Финландиа од брусница) и Јегер), газирани, негазирани безалкохолни пијалоци, енергетски, кафе, мафе (најмногу уживам во еспресо без шеќер), салеп, чај, вода... Дење, ноќе, не забележувам. Го изместувам тој замислен ред на тој начин што знам како стока да се начукам на сред бел ден. Не како стока. Како човек. Стока има осет.