Ммм имам чест да бидам прва Не најчесто туку секојдневно,веднаш штом ќе станам,се разбира ќе се измијам,си правам кафенце и си седнувам пред компјутер.Тоа ми е како ритуал
Си се излежавам додека да се расонам Па ајде - одење во ВЦ, миење... Си се облекувам, си местам кревет, доручкувам, варам кафенце, компјутер... И после ако си учам, си гледам ТВ, итн. итн. Спојлер ...за викенди ми е ова
се мијам,шминкам,спремам за на работа...пијам таму кафенце и во луфта време пред да дојдат пензионерчињата се дружам со вас и уживам
Па кога сум рано на факултет, на брзина се спремам, облекувам, шминкам и тргнувам со брзина на светлина кон вратата. А кога не сум па денот ми почнува со капучино, без тоа во последно време не можам. Потоа седење малку на интернет, и така натаму...
Го исклучувам алармот,и си велам до кога јас вака секогаш ли ке мора да одам на работа,си варам кафе се спремам и поспано заминувам накај работа
Седам најмалку 3 минути во кревет додека се расонам, после одам во вц , мијам лице,заби се облекувам , јадам итн..итн..
Кога сум втора смена станувам, одам во WC, се мијам... стандард уклучувам телевизор и седнувам на лап-топ. Читнувам нешто ако имам за учење, јадам ама на компјутер, тоа сигурно и се спремам за нашколо. Кога сум прва смена станувам крај 6.. какам или мочкам ама стандард со затворени очи, вртам еден круг така мижејќи, дур се освестам... каснувам нешто (јаболко, круша, банана, плазма, бискивти) колку да не одам гладна, а не дека ми се јаде. Мијам заби, се облакам, ја врзувам косата или и ставам пена да не ми биде многу разлетана, ги обувам чизмите... патот под ноѕе и нашколо. Кога станувам за викенд сакам да си се излежувам в кревет , да си седнам на компјутер, да си испијам една шолја млеко, да си пуштам музиче, да гледам некој филм... ако имам нешто за пишување ќе напишам, ако не ќе дремам така и ќе кукам дека ми е досадно.
Diffrent day, diffrent story. ( се извинувам што е на латиница, но на англиски е :/ ) За викенди обично си спијам до крај 11-12, станувам се тегалам, ТВ па јадам.. после може да си ја потсуредам собата и да читнам неш од школо, излагам надвор со другарки.. после одмарам, пишувам домашно и така... И нормално најважното седам на компјутер, обврска ми е тоа А инаку ко ќе сум втора смена, се обидувам да станам што порано но просек ми е 9:00, кај ќе најдам време за се? Јадам еден саат, ТВ, компјутер, набрзина обврски за нашколо, се спремам.. Иии кога гледаш денот заминал на школо А ко ќе сум прва смена се чувствувам послободно, како да имам време за се!! Се враќам ТВ мора да е пуштен гледам малку, на компјутер, па јадам па пак на компјутер.. читкам нешто за нашколо пишувам домашни и блаблабла, после пак цело време на ком и пред ТВ.. А понекој пат и со обврски понадвор или со другарки.... лелелелелле ја заборавив пицата, се запекла сигурно!!! Одам да ја извадам па се враќам,
И да сум дома и да треба да излегувам, сеедно, прво одам на прозор, гледам времето . Ако имам обврски наутро, прво во вц, се средувам (евентуално бањам/туширам, ако ме мрзело ноќта), средувам коса, се шминкам, местам ташна, облакам и излегувам. Ако сум дома, тогаш одам во вц, отварам балкони/прозори во секоја просторија да се проветрее, си местам соба, одам во кујна да доручкувам, па после кафе-мафе договарам некое или учам дома.