Се средувам во бањата,се облекувам,си ставам јако горко турско кафе,пуштам музика и гледам што има на интернет
Телефонот ми е секогаш во рака па одма отварам фејзбук,месинџер,потоа во вц да се средам па во кујна,си варам кафе,го ранам кучето па зајчињата и на крај си правам појадок за мене
Прво кога ќе отворам очи го земам телефонот и пишам порака за добро утро на мм, потоа следи преглед на социјалните мрежи, значи се излежавам околу 15 мин. Потоа станувам одам во тоалет да се средам и потоа одам да јадам бидејќи не вечерам и сабајле сум мртва гладна. Тек после пијам кафе...турско, горко, со многу кајмак и по некое блакце.
се расонувам 5 минути па почнувам да се средувам за на работа. на работа стигнувам малце порано секогаш па тогаш пијам кафе и дури тогаш го фаќам телефонот и уклучувам интернет и си листам инстаграм дур пијам кафенце.
Го фаќам телефонот да видам колку е саат, лежам во кревет уште некои 5-10 минути и скролам по соц.мрежи После одам мијам лице и заби и трк во кујна кафе да си направам. Некогаш отварам очи и директива во кујна да правам кафе па отпосле се мијам и се тоа.
Прво одам во вц, па одма кафе пијам. Мајка станува и одма вари, па ме разбудува мене. И после околу пола саат варам јас уште едно кафе. Па после тоа денот може да започне.
Отварам очи, се гушкам до сонцето мајкино, и чекам да стане за да го исцункам милион пати додека не рече дота мама
Одам до тоалетот,мијам очи и се останато,после правам кафе да ме разбуди,некогаш дури можам одма и да седнам да јадам ако сум многу гладна.Пуштам телевизор,чепкам на тел или ако е мамица дома,си разговарам со неа.