Ако сум слободна сабајле и не се брзам: мијам лице, заби, ставам спф и дневна крема за лице, проверувам пораки на инста, вибер и фб, проверувам mail, си правам здрав доручек, пијам кафе и си го планирам денот. Ова најчесто ми е ритуал за викенд и утрата ми се најубави тогаш. Ако одам на факултет или имам некакви обврски: се борам со алармот и кога конечно ќе станам мијам лице и заби, ставам спф и дневна крема за хидратација, се шминкам, се облекувам и брзам да фатам автобус. Најчесто немам време за кафе и доручек, тоа останува за паузите на факултет, а социјалните мрежи ги проверувам додека се возам во автобус.